Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска истакна дека премиерот на Косово, Албин Курти, на светот му го покажал своето вистинско лице заканувајќи се со смрт и насилство врз Србите.

„Со изјавата за ‘Гардијан’, Албин Курти на светот му го покажува своето вистинско лице заканувајќи им се на Србите со смрт и насилство, наместо да избере рационално решение и едноставно да го применува Бриселскиот договор, да го почитува владеењето на правото и да престане да апси самоволно невини луѓе“, напиша Брнабиќ на Твитер.

Според лондонски „Гардијан“, Курти претходно изјавил дека „е загрижен“ дека отстранувањето на барикадите на северот на Косово „не може да исклучи жртви“.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO