Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека „Србија повторно се заканува со војна“.

Тој им изјави на новинарите по седницата на Алијансата за безбедност дека се согласиле дека е потребна „повеќе будност и подготвеност на сите институции“.

„Србија, по 23 години од крајот на војната, повторно се заканува со војна и враќање на нејзините воени сили кои извршија геноцид на Косово“, рече Курти, пренесува „Бета“.

Тој додаде дека официјален Белград денеска „зборува и се однесува“ како и пред 23 години и дека го предводи „истиот тим“, на чело со поранешниот портпарол на поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ.

Тој оцени и дека „Србија не крие дека сака да ја продолжи војната која ја изгубила“, и дека тоа, како што наведе, „претставува постојана закана за нашата држава и мирот во земјата“.

Тој рече дека „мирот останува кревок на северот на земјата“.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO