Килијан Мбапе е категоричен дека Англија ќе ја победи Франција во четвртфиналето на Светското првенство во 2022 година и потоа ќе ја освои светската титула. Меѓутоа, предвидувањето не е на суперѕвездата на „Петлите“, туку на неговиот братучед кој го носи истото име, пишува The Sun. 16-годишниот Килијан Мбапе е роден во Франција, но пораснал во Лестер и исто така е фудбалер, кој игра како лев бек. Неговиот татко – Стив Мбапе е братучед на таткото на ѕвездата – Вилфред Мбапе.

„Можам да го запрам Мбапе. Брз сум како него и се чини дека тоа е семејна особина. Не сум лош како дефанзивец.

Татко ми и целото мое семејство ќе викаат за Франција, но јас сум луд обожавател на ЌТрите лаваЌ. Сега сум повеќе Англичанец отколку Французин. Го зборувам јазикот подобро и живеам овде подолго. Би избрал ролат со колбас преку сендвич со шунка и сирење (традиционална храна за соодветната земја б.a.)“, вели младиот Килијан.

Неговиот братучед заработува 650.000 фунти неделно и поседува стан од 3 милиони фунти во Париз, додека тој заработува 6,50 фунти на час миејќи садови во паб во Лестер. Тој патува со автобус, за разлика од 23-годишниот Килијан, кој наизменично ги менува спортските автомобили.

„Тимовите ги креваат веѓите кога ќе го видат моето име на тимскиот лист. Мислат дека тоа е некаква шега. Сето тоа го разбрав кога го гледав на телевизија младиот играч Килијан Мбапе во Монако. Го прашав татко ми и тој ми кава дека е син на неговиот братучед. Се надевам дека некогаш ќе го запознаам“, сподели ученикот.

„Кога се роди син ми, не размислував многу за името. Го избрав Килијан поради значењето – „мал војник“. Кога отидов да го видам мојот братучед Вилфред да го гледам неговиот син, ја сфативме случајноста. Не ги менувај затоа што моето момче е Килијан Мбапе број 1“, сподели 46-годишниот Стив Мбапе.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO