Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави дека ќе отпатува на утрешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Тирана, нагласувајќи дека би било голема загуба за земјата доколку тој не оди.

Вучиќ во изјава за новинарите по воената вежба на полигонот во Никинци, на прашањето дали оди во Тирана, рече дека разговарал со неговите соработници Милош Вучевиќ, Ана Брнабиќ и други, како и со неговите пријатели – претседателите и премиерите на повеќе земји.

„Не се работи за суета, само треба да разберете дека десет и пол години секој ден се трудам никогаш ништо или што е можно помалку лично да се искажувам, секогаш да се грижам за се и тогаш понекогаш емоциите ме обземаат кога не знаете како да реагирате и што да направите“, објасни претседателот.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO