Американската компанија „Northrop Grumman“ го претстави својот нов авион Б-21 „Рајдер“, прв во новата флота на стелт нуклеарни бомбардери со долг дострел за воздухопловните сили на Соединетите Американски Држави.

Б-21 беше претставен на церемонија во фабриката на „Northrop“ во Палмдејл, Калифорнија, каде јавноста за прв пат го виде новиот бомбардер.

Б-21, кој има облик на крило како неговиот претходник, Б-2, ќе може да испорачува и конвенционално и нуклеарно оружје низ целиот свет, користејќи ги можностите за долг дострел и полнење гориво во воздух, пишува Ројтерс.

Во 2010 година, се предвидуваше дека авионот ќе чини околу 550 милиони долари, или околу 750 милиони долари денес, кога ќе се прилагоди на инфлацијата. Воздухопловните сили на САД планираа да купат најмалку 100 авиони и да започнат со замена на бомбардерите Б-1 и Б-2.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO