И така драги мои поминува кротко, покроце и полека 2022 година. Како и секогаш при крајот на годината, така и оваа за вас спремив една квази анализа за работите кои не очекуваат во 2023 година.

Дефинитивно ЕУ и САД значи немаат партнер за борба против корупицијата во Република Северна Македонија која јас и ја нарекувам, кратко и слатко, Македонија, со сериозна дистинкција дека има и Јужна, а и Источна и поисточна од источна.

Ова горе значи дека бројот на скандалите или корупцијата во 2023 ќе надмине секој добар манир, да меѓународната пресиса и таму некаде 2023 година ќе почне да организира анти-корупциски партнер без разлика кој ќе е на власт.

Значи до тогаш нашите партии ќе се возат на темата-Бугари во Уставот.

Сите анализи и симулации говорат дека е подобро, Мицкоски да не се бафта со ова после избори, без разлика на исходот од изборите и е најдобро сега од одма, а во политиката по некои месеци ова да се реши на конто на СДСМ. Ќе си најдат модус и чајре за тоа.

Најмалку за ова да се секирате.

Инаку по оценка и од око, нашите најголеми партии имаат фракции. До сега чудо демек невидено, а е нормално да си имаат фракции ако се големи партии. Тоа е прва работа на многу партискиот систем составен од олкави големи партии. Нормално.

По големo чудо е ако партиите и членството се сплотени околу лидерите како што се Мицковски и Димитар Ковачевски. Сериозно би било блесаво да е така.

Заради тоа што не е така ,двете партии си имаат по 3 фракции, а ДУИ пак е благо поделена на две фракции внатре со еден лидер.

За разлика од Мицковски и Димитар Ковачевски, Али Ахмети е лидер од друг калибар, а овие си се лидери од друг калибар. Малокалибарска муниција никогаш не може да се спореди со хаубица, калибар.

Значи предизборно, а сплотено демек се влегува полека во Избори во 2023 година.

Можно е и избори да има 2024 но Димитар Ковачевски ќе е лидер само 2023 година.

Ова значи дека пост смената и отворањето на Уставот, за брзо време ќе донеси промена во владата каде по договорите по Пржино, ноќни и дневни и обратни, предизборно не очекува некаква чудна, комулативно начукана, беспредметна, со врзани раце, влада.

Влада која треба да го спречи хаосот, да зачисти што има да се чисти, а при тоа да го контролира изборниот процес и да не таласа многу. И тоа е тоа.

Знам дека заголицав по 3 фракции и 2 во ДУИ.

Првин ќе почнам со тие од ДУИ –

Пост изборно веројатно Артан Груби и Бујар Османи ќе продолжат кариерата во приватен бизнис. Ќе бидат заангажирани да не можат да учествуваат креирање на политичкиот живот во земјата. Штета. Ќе бидиме интелектуално хендикепирани со нивната интелектуална бриљантност колку и со губитникот на изборите од СДСМ или Вмро-Дпмне.

Ние капацитетите лесно си ги отфрламе. Навика и задволство, пред се.

Идат избори каде губитникот нема да може да се совземе до следните парламентарни избори.

Трите фракции се во двете партии многу слични. Скопски крила, провиницијалски крила, каде центрифугата ќе лансира во космосот дел од провинцијалските крила.

Да, за жал или среќа Скопските крила ќе победат во било кој случај на било каква разврска.

2023 година ќе гледаме грч на провинцијалските крила и борба за опстанок во судар со крилата од Скопје.

Идеолошки судари, скраја. Ние немаме никаква идеологија да има судар со тие крила.

Но имаме сериозни кланови, гангови и буџетска ганстераја кои ќе се судрат толку многу да се што гледавме до сега ќе биде смешно.

Не се лажете по лични карти и место на живеење на актерите, дали се скопски или провинцијалски. Упатените знаат кој е со кого е и нема врска од каде е.

Значи дека сплотени како никогаш до денес ќе се истрача на избори ама со некаква предизборна влада.

До тогаш ќе е секој ден скандал до скандал, глупост до глупост така да ситуацијата може да се опише и кратко-Да изборите не се решение за глупостите.

Да, Изборите не се рилоад. Изборите не се решение за нашава криза во која сме.

Ние сме во толку сериозна криза да изборите претставуваат на пример тешка болест која ја лечиме со аспирин.

Дека работава е хаос ќе ги примора и Зоран Заев и Груевски да се впуштат поактивно и про-активно до и на избори.

Ќе биде борба на живот и смрт во политиката, а чантите ќе пристигнуваат од секаде, да им се најдат во овие клучни моменти.

Да се чувате во 2023 година оти нема ни да се знај кој пие, кој се пијанчи и кој плаќа.

Целокупниот хаос ќе значи лоши моменти на поединецот и народот во Македонија.

Ќе има значи влада и можни избори.

Затоа си има план А и план Б оваа држава. Ма ние сме си итреци.

1.Доколу Вмро-Дпмне не се престрои, СДСМ може да направи коалиција со сите партии во Македонија без Вмро-Дпмне и да Вмро-Дпмне исчезне и се подели на неколку партии.

Вмро-Дпмне по изборен пораз не се крева до следни избори.

Вмро-Дпмне до овој декември нема намери да се престрои.

2.Доколку пак Вмро-Дпмне соочени со овој удар и смогнат сили, а ги имаат, да се престројат и истрчаат зрело на избори, тогаш, шансите на СДСМ да ги добие тие избори се еднакви на НУЛА.

Пораз на СДСМ на избори значи дека ни за 4 години таа партија тешко ќе може да се спреми и да победи на некакви други избори.

Доколку победи глупавата фракција пред избори на Вмро-Дпмне, СДСМ ќе може постизборно на следни парламентарни во коалиција со сите партии да си направат влада.

Доколку победи паметната фракција пред избори во Вмро-Дпмне, СДСМ може комотно да си се распуштат. Значи сега е се во рацете на Вмро-Дпмне, а дале тоа ние го сакаме или не тоа никој нема никогаш да не праша. Затоа се изборите и гласачките ливчиња. И толку.

Чудно. Од онаков нокдаун Вмро-Дпмне има шанса да го згазат СДСМ.

Веројатно СДСМ им мафташе со крпата да земат воздух и да влезат во оваа позиција да може тешко да го наукутираат СДСМ.

Чудо се врти политиката. И се ќе е можно.

Значи имаме избори следни на кои ќе победи фракција на Вмро-Дпмне или пак една фракција на СДСМ.

Овој пат ќе победат фракциите не и цели партии.И ова е обичен демократски процес гледан во Европа секогаш поствоено. Ништо непознато.

А, да . Дел од фракциите постизборно во двете партии ќе бидат смачкани. Кои и да победи или биди поразен.

Затоа Среќна Нова Година и ви пожелувам многу здравје и успех. Помалку нервози и гледајте голи женски. Друго е секојдневие, а тоа не е баш розово во овие зимски моменти.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO