Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол (20 години) е на добар пат да стане најскап централен дефанзивец во историјата на фудбалот, откако за него огромен интерес пројави Челси и чиј сопственик Тод Боели најави дека нема да жали пари за да го ангажира.

Гвардиол игра во одлична форма и на Мундијалот во Катар, каде што на мечот на Хрватска против Мароко (0-0) имаше 110 точни додавања, со што стана најмладиот фудбалер во последните шест децении со троцифрен број успешни „пасови“ до соиграчите на меч од СП. Челси минатото лето нудеше 90 милиони евра за Хрватот, но Лајпциг не сакаше да го продаде, но истовремено го продолжи договорот со својот дефанзивец. Но, како одминува времето и како продолжуваат добрите игри на Гвардиол, желбата на Челси да го има станува поголема, а со тоа и сумата која би му ја исплатиле на бундеслигашот.

Според италијанскиот новинар Алфредо Педула, лондонци сакаат што побрзо да го завршат договорот од страв да не се вмеша некој побогат тим како ПСЖ. Челси би платил околу 100 милиони евра, за да го добие фудбалерот кој идеално би се вклопил во системот на тренерот Потер со тројца централни дефанзивци.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO