Опис: „Ракописот на Н. К. Мајски „Страници од мојот живот“ (во оригинал „Страници из моя живот“, София, 1947) што го објавуваме за првпат во скратена верзија, определувајки се главно за поважните пунктови од авторовиот животопис и од историските настани што се одиграа во Македонија заклучно со Првата светска војна, сопственост на Архивот на Македонија содржи вкупно 566 страници машинопис, голем формат. При неговиот превод и адаптација во духот на нашиот јазик и правопис настојуваме да ги задржиме употребените архаизми и дијалектизми од страна на авторот…“

По татко сум брсјак. Мојот прадедо Цветко бил од селото Свиниште, Охридско. Во текот на 1790 година тој со семејството го напуштил селото поради турско-арнаутските зулуми и се прибрал во Крушево. Имал пет моми. Знам дека едната била омажена во с. Свиниште, другата во Богомила, Велешко, третата во с. Ореше, исто Велешко, четврата по име Лена – во Крушево и петта, односно најмалата, била омажена во Крушево за Мицко Карев. Во 1792 година семејството на дедо Цветко се зарадувало со машка челад – се родил Трајко. Дедо Цветко посакал синчето да го наречат Трајко за да трае, односно да биде живо до старост, зашто претходно родените машки потомци му умирале рано, како деца. На радост на родителите Трајко израснал и станал јадер и силен маж, а подоцна – голем бунтар и народен заштитник, познат под името Демир Трајко – железниот Трајко. Животописен фрагмент за него читателот ке најде во мојата збирка „Светлосенки“, Видин, 1942. Баба Трајковица, по име Sвезда била бегалка од белокаменото Воскополе – денешна Албанија. Таа била Бугарка и до смртта си го задржа своето воскополско наречје, потпаднато под албанско влијание…Сите роднини на баба ми Sвезда во Крушево се повлашиле и погрчиле. Само сестра ѝ Спаска успеала да се зачува од претопување бидејки се омажила за Бугарин во Битола, во Мечкар маало.

По мајка сум исто брсјак. Дедо ми Ничо (Никола) и баба ми Ристана биле Бугари од Велес. Дедо бил добар мајстор шивач: шиел потури, џамадани, антерии и така натаму. Работата му врвела многу добро и затоа држел неколцина калфи и чираци. Имал и голема челад – девет момички и тоа сите живи. Десеттата рожба била момче, но не можеле да му се нарадуваат – скоро умрело!…

Таткото на дедо Ничо, исто шивач, кога наполнил сто години ослепел и му испаѓале косата и забите. По две-три години, меѓутоа му се повратила светлината, му никнале коса и заби – просто се подмладил – живеел до 120 години…

…На 10 ноември 1912 година (ст. стил) кон зајдисонце Чаулев и неговите четници – вооружени до заби и јавајќи згоени коењи, минаа низ турските маала и чаршијата и, како што било договорено, го повикуваа граѓанството да ги пречека со радост своите „ослободители“. Меѓутоа, влегувањето на српската, а не на бугарската војска беше еден смртен удар за Бугарите во Охрид. За нив едно ропство се заменуваше со друго, много пострашно од првото, зашто тие го познаваа „ослободителот“ – тој доаѓаше да им ги зароби и душите…

Следниот ден кај мене се појави генерал-аѓутантот Војовиќ, ми рече: …Турците не биле доминантниот елемент во вашата земја, туку Вие. Вие сте биле мнозинството, кај вас била културата; неминовно вие сте биле занаетчии, трговци, дури земјоделци и сточари. Со други зборови, вие сте биле само номинални робја, зашто во духовен, културен и стопански поглед сте биле сила којашто се налагала над слабото, килаво, анемично и рахитично турско малцинство. Тоа живеело со мислата дека е ага, властодржец, господар, а фактички било такво само номинално! Што е право, Турците биле глупаци! Нема зошто да се лажеме и јас отворено ви изјавувам дека ние, на пример, не би сме дозволиле називи на училишта како овие (почна да ги набројува посочувајќи со прстот врз формуларите): Свети Кирил и Методиј, Отец Пајсиј Хилендарски, Св. Цар Борис, Цар Самоил, Иван Вазов, Христо Ботев, Васил Левски, Г.С. Раковски, Дамјан Груев, Гоце Делчев, Илинден и слично. Кога ќе се земе предвид и беспорниот факт дека вие со оружје в рака, т.е. организирано сте ги тормозиле Турците и другите народности во земјата, ќе излезе прав мојот колега, другиот аѓутант на неговото височество, којшто вели дека не ве ослободи вас српската армија од турското ропство, туку ги ослободи Турците и останатите народи во Македонија од бугарското робување…“

Извор: Скенирана од оригинален примерок

Автор: Никола Киров Трајков-Мајски (1880-1962; Софија) е бугарски револуционер и општественик, деец на ВМОРО. За време на Илинденското востание Никола Киров бил во Крушево и учествувал во прогласувањето и одбраната на Крушевската република, а по востанието е раководител на Крушевскиот револуционерен комитет. Главен егзархиски учител во Емборе и Дебар. Во 1911 година во Дебар го возобновува Бугарското околиско учителско друштво „Свети Иван Бигорски“, а во 1911-1912 година е директор на училиштето во Ресен. По меѓусојузничката војна емигрира со целото семејство во Бугарија и завршува право на Софискиот универзитет. Учествува во активностите на Македонската федеративна организација и на Илинденската организација.

Повеќе информации за Никола Киров-Мајски ТУКА

За да ја прочитате книката кликнете ТУКА

Извор: Библиотека Струмски

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO