Рускиот претседател Владимир Путин наводно ќе заработи неколку стотици милиони евра од изградба на луксузни станови во елитен кварт на Лондон, кои потоа ќе ги инвестира во реновирање на својот имот во британската престолнина.

Русија гради 255 станови во Кенсингтон, а парцелата ја купиле во 2006 година за осум милиони фунти.

Британските медиуми пишуваат дека Путин сега планира да ја искористи истата шема за реновирање на имотот на руската амбасада во Москва.

Медиумите јавуваат и дека во овој проект е вклучена и банкарката Елена Котова, која е осудена за корупција. Во 2014 година, по пресуда за корупција, таа беше отпуштена од Европската банка за обнова и развој.

Британската Национална агенција за криминал, исто така, заклучи дека Котова барала мито за проекти во Европската банка за обнова и развој од 2005 до 2011 година, а во таа прилика и бил запленет станот во Лондон вреден речиси два милиони евра, како и 230.000 фунти во кешот.

Таа секогаш ги негира обвинувањата против неа.

Податоците од катастарот покажуваат дека Министерството за надворешни работи на Русија и државната банка ја купиле споменатата парцела на која се градат луксузни станови, пишува Дејли мејл.

Русија, како што пренесуваат некои медиуми, планира да ги искористи парите од продажбата на становите за реновирање на имотот што го има нивната амбасада во Лондон.

Се претпоставува дека на овој начин од првичната инвестиција, која изнесувала осум милиони, наводно ќе заработат неколку стотици милиони фунти.

Според неофицијални информации, Кремљ во Лондон поседува најмалку 12 станови и куќи, а вредноста на овие имоти се проценува на 100 милиони фунти.

Британските медиуми ја контактирале руската амбасада за коментар, но тие се уште не се изјасниле за ова прашање.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO