Актуелната енергетска криза и текот на скрининг процесот, како важна фаза во пристапните преговори за членство на земјава во Европската Унија, беа главни теми на денешната средба на шефот на државата Стево Пендаровски со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен во Софија.

„Со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен во Софија разговаравме за текот на скрининг процесот и енергетската криза. Се надеваме на поддршка од Европската Комисија во справувањето со енергетската криза во духот на европската солидарност“, сподели Пендаровски.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO