Грција не ѝ е рамна на Турција и ќе заглави во кал ако се соочи со Анкара, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Во говорот по состанокот на турскиот кабинет, тој ја критикуваше Атина за наводната милитаризација на островите во Егејското Море.

Според него, целта на конфронтацискиот однос на Атина кон Турција го попречува напредокот на таа земја кон еминенција.

„Тоа е опасна игра за грчките политичари, државата и народот, како и за оние кои ги користат како марионети. Ниту воените надградби, ниту политичката и економската поддршка не се доволни за да ја подигнат Грција на наше ниво, но тие погрешни чекори во секоја смисла ќе ја вовлечат ја Грција во кал“, предупреди Ердоган.

Ердоган го коментираше наводното распоредување на дополнително оружје на островите Лезбос и Самос. Минатата недела медиумите во Турција објавија видео, наводно, направено од турски воен дрон, на кое се гледа како оклопни возила се истоваруваат од грчки брод, наводно донација од Вашингтон на Атина.

Ердоган ја обвини Грција дека е вклучена во „манипулации и ескалации“ и предупреди дека потенцијалниот конфликт со Турција ќе биде катастрофален за грчкиот народ.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO