
На почетокот, Путин беше апсолутно уверен дека преку брз блицкриг тој ќе ја победи Украина, ќе ја истошти и ќе и го скрши нејзиниот ‘рбет. Затоа не му беше потребен план Б. После тоа, Путин беше апсолутно уверен дека дури и да не успее блицкригот, се едно во оваа војна тој ќе ја победи Украина, ќе ја истошти и ќе и го скрши нејзиниот ‘рбет. Затоа и овој пат не му беше потребен план Б.
После, Путин беше апсолутно уверен дека дури и победата во војната да не се постигне по никаков начин и тој не може да ја победи Украина, не успеа да ја истошто и се покаже неспособен да и го скрши нејзиниот ‘рбет, без сомнеж тој ќе може во еден момент да изјави дека целите на оваа војна се постигнати, да ја воспостави својата власт во некој или друг освоени делови на Украина во Донбас и на тој начин да ја зголеми, макар и незначително, територијата на Русија.
Затоа повторно не му беше потребен план Б.
Потоа дојде просветлението на Путин дека веќе далеку поважно од што и да е, дури апсолутно минимална и панично измислена победа во Украина, е неговиот опстанок.
Путин осозна дека веќе е многу касно за План Б. Неопходна му е по цената на се и на секаква цена Exit Strategy, Стратегија за излез од ситуацијата – од алармантната и опасна ситуација која се појавува со се поголема сила и се шири со се поголема брзина низ Русија – незапирливото прогледување на Русите.
Ако Путин до неодамна со моќната пропаганда и перењето на мозоците успеваше да го одржува чувството (кај него тоа си искрено убедување) дека неговите цели и целите на руското општество во војната се заеднички и изразуваат во целосна победа, која во еден момент премина во делумна победа, постепено се намали на барем некаква победа – макар и симболична, но сега целите на Путин и руското општество почнуваат очигледно, прилично очигледно, да се разликуваат и да се разминуваат.
За Путин главното е како да излезе од ситуацијата, каква стратегија за излегување од неа да измисли, само и само за да опстане, за да не се претвори во труп или во најдобар случај-во жив труп.
За руското општество, главната работа е како да се излезе од војната, како да се стави крај на оваа одвратна и брутална насилна авантура, како да се спасат десетици илјади руски војници и офицери од неизбежна смрт или инвалидитет, како да се врати добро име на државата и народот.
Колку повеќе Путин не наоѓа начин да ја реализира својата лична цел, толку повеќе руското општество ќе бара начин да ја реализира својата заедничка цел.
Трагедијата е што при стратешкото прогнозирање и планирањето на сценаријата секогаш треба да има повеќе од еден план – План А, План Б, План В… И со секој таков План, задолжително треба да се разработува Стратегија за излез-Exit Strategy.
Путин не се потруди, заслепен од својата мегаломанија и со замаглено сознание од неговите психички попречености, ниту да разработи пред почетокот на војната План Б, ниту пак каква и да било Exit Strategy за секој поединечен План.
Затоа, многу е веројатно, излегувањето од војната за руското општество да биде преку панично повлекување и постојани тешки загуби на бојното поле поради целосен недостаток на мотивација на борбените единици (ништо чудно меѓународната заедница да ги повика Украинците да не пројавуваат прекумерна жестокост, убивајќи ги де факто руските воени единици кои капитулираат).
А за Путин, сосема е можно крајот да биде брз и исходот од неговата лична катастрофа да испадне, ако не и фатален, барем понижувачки.
––––––––––––
Николај Слатински е доктор по математика и професор по национална и меѓународна безбедност и еден од водечките бугарски експерти за проблемите на безбедноста, одбраната и јавниот ред.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука
