
Сопственикот на руската компанија „Новатек“ Леонид Микелсон најави дека компанијата постепено ќе се повлече од проектот за истражување на нафта и гас во Црногорското море, кој работи во конзорциум со италијанската „Ени“, објави денеска подгорички „Вијести“, повикувајќи се на на рускиот портал 1prime.
Се прецизира дека Микелсон ги најавил плановите за постепено повлекување на новинарите на Источниот економски форум во Владивосток.
„Вијести“ пишуваат дека Министерството за капитални инвестиции на Црна Гора не одговорило на прашањето на овој медиум дали концесионерот официјално го информирал за повлекувањето и за причините за таквиот потег.
Се известува дека доколку италијанско-рускиот конзорциум „Ени-Новатек“ целосно се повлече од проектот за истражување на нафта и гас во Црногорското море кај Улцињ, Владата има право да активира банкарска гаранција од 12 милиони евра за недовршената работа, а доколку компанијата „Ени“ остане во бизнисот, таа треба да најде нов партнер за да го продолжи проектот.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука
