Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин неодамна направи посета во Русија, која и нанесе огромни штети на Србија и нејзините егзистенцијални интереси, пишува Орхан Драгаш, основач и директор на Меѓународниот институт за безбедност со седиште во Белград.

Владимир Кара-Мурза плаќа значајна цена за неговата долгогодишна борба против режимот на Владимир Путин. Тој беше отруен два пати и едвај преживеа, а неговиот најблизок пријател Борис Немцов бил убиен среде Москва. Од април Кара-Мурза е во затвор затоа што се спротивстави на агресијата во Украина.

Кара-Мурза е убеден, дека српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин му помогнал многу на Кремљ во неговата потрага со тоа што лично му ги предал на шефот на Советот за безбедност на Кремљ Николај Патрушев транскриптите од прислушуваните разговори на руските опозиционери од семинар, одржан во Белград.

„Тажно е да гледаме како српската влада доброволно служи како специјални служби на Путин“, кава Кара-Мурза. Во истото време, Вулин му се закани со суд, што не се случи ниту по речиси една година.

Деновиве Вулин повторно беше во Москва. Кара-Мурза и неговиот сопартиец Андреј Пивоваров нема зошто да се загрижени од оваа посета, бидејќи веќе се во затвор. Но, нивната судбина треба да ги потсети оние што се уште се слободни, кој има корист и кој страда од посетата на Александар Вулин на Москва.

Србија нема корист од тоа што нејзиниот министер за внатрешни работи ја посети Русија, додека Москва влегува во седмиот месец на агресијата против Украина. Од друга страна, штетите се огромни, можеби и непоправливи.

Посетата на Вулин на Русија немаше повод, немаше цел и немаше очекувања дека тој може да помогне на интересите на Србија за некакво прашање. Тој со гордост му кажа на шефот на руската дипломатија, дека Србија е единствената европска земја која не вовела санкции кон Русија.

Секој Русин, вклучително и Лавров, го знае тоа, ако ги читал вестите од март до сега. Тој му се заблагодари на Лавров дека Русија последователно го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија. Ова рускиот дипломат го слуша од секој српски претседател, премиер и министер веќе 20 години.

Вулин исто така му кажа, дека жали што Лавров не можел да ја посети Србија неодамна „поради волјата на други земји“. Претседателот Александар Вучиќ го кажа истото пред извесно време.

Која е смислата од посетата на Вулин во Москва? За Србија нема никаква смисла. Тој ја посети технолошката компанија „Ростех“, која е под санкции на САД и ЕУ од 2015 година. Каква соработка може да има МВР на Србија со таква компанија, како ќе ги транспортира кој и да е од продуктите до Србија и како ќе плаќа за овие стоки?

Посетата на Вулин, додека Русија веќе шест месеци ја уништува суверена Украина и врши злосторства врз нејзиното население, има смисла само за Москва, која единствена има причина да биде задоволна од оваа визита, па дури и да ја организира.

Понижување е за Србија, што си дозволи да го направи. Преку својот министер, Србија му даде можност на Кремљ, кој е изолиран и во војна, да покаже дека всушност не е сам и дека се уште има пријатели во Европа.

Тоа е соучесништво во воената пропаганда, која Србија си ја навлече сама. Ако посетата на Вулин требаше да има само нагласена симболика, тогаш таа симболика би нанесла повеќе штети на нејзините економски и политички интереси отколку неподготвеноста на Србија да воведе санкции кон Русија.

Невозможно е да се најде оправдување за посета и пријателски зборови кон еден агресор, против кој се исправува целиот слободен свет. Не се знае која форма на оправдување би била полоша за Србија, освен ако Вулин не тргнал на своја глава, без да се консултира со шефот на државата и владата, но тоа би значело дека врхушката на државата нема контрола врз важните државни работи.

Ако патувал по наредба на претседателот и владата, тогаш Србија веќе не може никого да убедува дека не е искрен поддржувач на Русија во нејзиното завладување на Украина.

Станува збор за уште една услуга што Белград и ја прави на Москва, повторно без рационална причина или корист за српските државни интереси. Слични гестови, еден по еден, доведоа до тоа рускиот амбасадор во Белград, Бочан-Харченко, да зборува во име на властите во Србија, во земјата, на која е гостин, и да изјави дека Белград „ ќе одговори решително, доколку изникне насилство врз косовските Срби“.

По посетата на Вулин во Москва, со неговиот голем личен ентузијазам, тешко е да се игнорира штетата на односите на Србија со држави од кои навистина зависи нејзината иднина, а тоа со сигурност не е Русија.

Дури и да го пренебрегнеме тоа за момент- каква е смислата да парадираме со Москва, која искрено сака и прави се што е можно Србија да ја доведе во вооружен конфликт со косовските Албанци?

Зошто изблиците на љубов и пријателство кон земјата која пред само три недели започна невидена хибридна операција против Србија со цел прво Срби и Албанци да се испотепаат меѓусебно во северниот дел на Косово, а потоа српската армија да започне војна против НАТО?

Како може српски министер да ја фали Русија, дека ги заштитува интересите на Србија, кога таа го прави токму спротивното и веќе не го крие?

Посетата на Вулин во Русија во овој момент и нанесе огромна штета на Србија и нејзините егзистенцијални интереси. Тоа беше гест на поддршка за ренегатска држава и нејзиниот изолиран режим и не можеше да се разбира на друг начин.

Дали е лична авантура на проруски министер во заминување, кој можеби ги брои последните денови во владата, или меѓудржавна посета во целосен капацитет, веќе не е важно.

Москва ја проектираше посетата, го постигна планираниот ефект, а Белград го прифати, осознавајќи или не, дека само ќе и наштети. Резултатот е, дека Србија е се повидлива на краткиот список на пријателите на Москва, а на врвот на тој список се Северна Кореја и талибанскиот режим во Авганистан.

Тоа ли е цената што Србија е подготвена да ја плати? Зошто и за чии интереси?! Или навистина како држава навлегуваме во фаза, во која Северна Кореја и Авганистан се нивото и мерката за нашиот успех, развој и меѓународен статус.

Прземено од EURACTIV

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO