
Опис: „Спомени; И.Х. Николов, Д. Груев, Б. Сарафов, Ј. Сандански, М. Герџиков, д-р Х. Татарчев“, Скопје, 1995 година
„Имав околу 10 години, кога за прв пат почнав да учам бугарска историја од учебникот на Д.В. Манчов. При учењето од таа историја си велев: „Значи ние сме си имали царство ама ни го зеле Турците“. Од истава историја дознав дека некогаш и Тесалија била населена со Бугари, кои Грците ги погрчиле. И тогаш пак си велев: „Значи и Грците се наши непријатели. Па, зошто нашите татковци не се дигнат да си го земат царството од Турците и да си ја вратат погрчената Тесалија? По средината на бугарските земји се протега Стара Планина. Тука можат да се соберат сите останали Бугари и од таму да тргнат кон Цариград, Солун и Тесалија“. Од Библийата (Битиписанието) пак дознав, дека Мојсеј кога видел како еден Еегипќанин тепа еден Израелит, го оттргнал Израелитот и го убил Египќанинот. Тогаш си реков: „…ако видам некој од друг народ или друговерец да тепа Бугарин, ќе го одбранам последниот а првиот ќе го натепам“. И вистина, ми се случи тоа брзо да го применам. Еден ден во нашето маало видов како две Турчиња тепаат едно Бугарче. Се спуштив, го оттргнав Бугарчето и ги натепав Турчињата. Од тогаш тие Турчиња не ги напаѓаа Бугарчињата во нашето маало….
Како на македонското прашање гледаа раководните лица на Бугарија, најдобро се гледа од мојата средба и разговорот со Лука В’жаров, главен секретар на при владеењено на Радославов.
Лука В‘жаров ми беше близок пријател, уште од детство, па кога во натамошните распусти одев во Софија по службена или по приватна работа, секогаш се сретнувавме и зборувавме по македонското и други прашања. Во 1899 год. во месец август отидов да го видам во Министерството и да го поздравам за новото место…
– Бугарската влада е на погрешен пат, – му одговорив, – Пред сѐ присоединувањето на цела Македонија е невозможно, затоа што спрема нејзини делови претендираат Грците и Србите. Присоединувањето на цела Македонија кон Бугарија може да стане само во случај на една победоносна војна против Турција, во помош на која ќе ѝ дојдат Грција и Србија. А ако Грците и Србите војуваат заедно со Бугарија против Турција, тие ќе бараат делови од Македонија: тие ќе бидат за распарчувањето на Македонија. А ние сакаме Македонија да ја запазиме цела во нејзините географски граници, што може да биде остварено преку бараната од нас автономија. Така ослободена Македонија ќе претставува една втора Бугарија, иако неприклучена кон мајката татковина. Од автономијата Бугарија и бугарскиот народ само добиваат.
По изборувањето на автономијата на Македонија може да се работи во прв ред на нејзиното федерирање со Бугарија, а потоа и федерирањето на сите балкански држави. Се разделивме со спротивни сфаќања.“
Извор: Скенирана од оригинален примерок
Автор: Иван Хаџи Николов (1861 – 1934) е еден од основачите на ВМОРО, член на првиот централен комитет на организацијата, истакнат бугарски книжар и јавна личност. Во 1901 година е заточен од османлиските власти во Бодрум Кале, а во август 1902 година е амнестиран и се населува во Софија. За време на Балканските војни е доброволец во Македонско-одринското ополчение на бугарската армија, а во 1923 година е избран за касиер на Националниот комитет на Сојузот на македонските емигрантски организации во Софија.
За повеќе информации за Иван Хаџи Николов ТУКА
За да ја прочитате книгата кликнете ТУКА
Извор: Библиотека Струмски
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука
