
Сега откако заврши употребната вредност на ПОА, таму некаде по 24 мај оваа година, веројатно тамошниот клир има доста слободно време па го користи за анализирање на текстовите објавени на религија.мк. Тоа ме радува и тоа е добро.
Па еве решив и јас да им посветам две три реченици како одговор на соопштението.
Прво, и врапчињата знаат, а знаат и владиците на ПОА, особено оние на СПЦ, дека постоењето двајца Архиепископи на една јуриздикциска територија, постоењето на две паралелни цркви на една јуриздикциска територија, не е техничко, ами суштинско прашање. Суштинско канонско прашање.
Второ. И врапчињата знаат дека со издавањето Акт за согласност за автокефалност и со признавањето на јуризидикцијата на МПЦ-ОА на територијата на Македонија, заврши употребната вредност и правното постоење на ПОА на територијата на Македонија. Кој е правниот акт врз основа на кој ПОА денеска функционира во Македонија?
Трето. И врапчињата знаат, а особено владиците на ПОА знаат, дека решавањето на тоа суштинско прашање, или како велат техничко, ги потврдува сите мои анализи во изминативе 20 години дека ПОА беше намески проект кој создаде проблем, а не решение.
И да… и врапчињата знаат дека ако некој не сака целосно решение на проблемот, тоа е токму ПОА. Но, овде клучното прашање е зошто МПЦ-ОА тоа се уште го толерира?
П.С. Спокојно… кога ќе се реши тоа „техничко“ прашање, многу почесто ќе се читаме на Религија.мк… И за добри, но и за критични работи… изборот какви ќе бидат вестите, е на тие што ќе ги прават утре во редовите на МПЦ-ОА. Јас најискрено Ви посакувам Добредојдовте назад…
Преземено од религија.мк
/Марјан Николовски
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука
