Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска го коментираше дијалогот со премиерот на Косово, Албин Курти.

Рече дека е многу скептичен за постигнатите резултати.

„Се што рекоа е дека ќе ја наметнат својата волја. Ним не им е гајле што има да каже Белград, па не знам ни за што е дијалогот. Тие што рекоа дека треба да се разговара за ЗСО, како и дека мора да биде во согласност со уставот на Косово, да ги прашам дали се шегуваат? Што преговаравме тогаш“, праша Вучиќ.

Како што вели, „се убивавме со месеци, а тие сакаат да биде во согласност со Уставот на Косово“.

Тогаш, додава тој, ништо не ни треба.

Како што вели, сакаат да извршат притисок врз Србија.

„Неколку пати укажав на изјавите кои го подготвуваат теренот, во кои претпоставувам дека сакаат да ме информираат како сето тоа ќе го спроведат во пракса. Во ред, кажете ни дека закон не постои, дека не ве интересира Резолуцијата 12 44, како и правото на ОН, кое толку многу го спомнувате кога станува збор за конфликтот во Украина, но кога станува збор за овој дел од Европа и светот, тоа не ве интересира“, рече Вучиќ.

Како што вели, можат да прават што сакаат, но тоа нема да биде со благослов и согласност на Србија.

„Верувам дека во септември ќе одиме во Собранието да ја анализираме ситуацијата на Косово, тоа е наша обврска. Луѓето треба да слушнат која е нашата обврска и се надевам дека разумот ќе надвладее“, рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека нема да дозволи некој да отвори оган врз некого.

Наведе дека во сите светски медиуми се објавуваат лаги, дека Србија некаде напаѓа некого.

„Нема со што да се фалат, па одат со измислици. Ја споменуваат Русија, па дури и Захарова рече дека ние не баравме помош, што друго измислувате, на наша страна ја имаме нашата земја и Уставот, меѓународното право. Тие подготвуваат ликвидации на нашите луѓе на север“, рече Вучиќ и додаде дека ги предупредува да не го прават тоа.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO