И покрај првичната најава дека маневрите на Кина околу Тајван ќе завршат во недела, Народноослободителната армија продолжи со големите поморски и воздушни вежби во понеделникот.

Кинеската државна телевизија објави дека вежбите се фокусирани на „противподморнички и поморски операции“.

Најавувајќи ги воените вежби на север, југозапад и исток од островот минатиот вторник, Кина првично вети дека ќе завршат во недела. Засега, сепак, не е објавен официјален крај на вежбите.

Некои коментатори во кинеските медиуми велат дека воените вежби би можеле да станат нова нормална појава.

Портпаролот на Министерството за одбрана, Ву Чиан, во понеделникот рече дека вежбите се „неопходно предупредување“ за Соединетите држави и Тајван, опишувајќи ги како „целосно разумен и соодветен“ одговор на нивните неодамнешни „провокации“.

Тој рече дека тензиите биле „намерно“ поттикнати од Вашингтон, при што претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, минатата недела отпатува за Тајпеј и покрај жестокото противење од Пекинг.

Кинеското раководство ги отфрла официјалните контакти на други земји со Тајпеј бидејќи го смета островот за дел од својата држава. Тајван, од друга страна, долго време се сметаше себеси за независен.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO