Претседателот на Бугарија Румен Радев потпиша укази за распуштање на 47-то Народно собрание и за одржување предвремени парламентарни избори на 2 октомври, како и за назначување службена влада.

Техничката влада предводена од Донев, во која министер за надворешни работи ќе биде Николај Милков, ќе почне со работа утре и се очекува да заземе помек став кон Русија, со цел да се обнови снабдувањето со гас.

Таа исто така би можела да се обиде да ги подобри односите со Москва, откако владата на Петков протера 70 руски дипломати поради наводно шпионирање.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO