Гледам ликови кои ме бришале, блокирале и навредувале на секакви начини затоа што порано сум им го чепнал митот за Југославија, а денеска устата им е полна фашизам. (Таа склоност брзоплето да се прогласува фашизам им е скоро па знак за препознавање, симптомот што ја издава дијагнозата.)

Малку се зборува за „левичарскиот“ отпор кон каков било КОМПРОМИС со Бугарија. Добар дел се личности кои се етаблирале како „сива еминенција“, добиле фасада на интелектуална непристрасност, важат за експерти. Но, веројатно немало повод пристрасноста да им се испровоцира, како што им се испровоцира сега со Бугарија. На кратко, воглавно иде од микс на две работи, култ кон Југославија и комуњарштина (едноумие, идеолошка исклучивост).
Па така, историјата ни е света (бидејќи ни ја напишала Југославија) и совршена и нема што тука да има какви било корекции. Пази, овие луѓе денеска имаат отпор кон тоа МАКЕДОНСКИ ИСТОРИЧАРИ да одлучуваат за корекции на историја напишана во еден друг систем, напишана во еднопартиски диктат, во една друга релативно тоталитарна држава. Македонецот не смее да поправа било што од југословенската историја, дури ни кога се здобил со независност, дури ни кога тоа го прави за добрососедство. Во оваа смисла, за жал бугарските обвинувања за „лојалност кон Белград“ се сосема точни.

Потоа, за овие југокултисти, сѐ што правела Југославија било комплетно исправно, тој режим ниеден човек неправедно не осудил, малтретирал или следел, од тука нема зошто да постои каква било рехабилитација или извинување за било што. А и да, секој што мислел, или мисли поинаку, или бил фашист, или денеска е фашист, или е симпатизер на фашизмот.
Често се реферира и на масакрот во Ваташа, и уште се бара некаква правда за тоа – иако виновниците уште тогаш биле фатени, осудени и стрелани. Изграден е огромен споменик за тој настан. Виновниците за масакрот во Ваташа пак биле етнички Македонци и дел од тогашното ВМРО (родени во Крива Паланка), факт кој се изостава, но изоставање непријатни факти е типична особина на комуњарско едноумие и тој Југофанатизам.

Значи, таа догма и носталгија кон Југославија прави каков било компромис со Бугарија невозможен и неприфатлив. Филмот е да се влезе пак во улогата на храбар антифашистички партизан и да порази Бугарија, а не да се постигне компромис со неа. Од тука сите оние жалопојки дека „Предлогот не бил фер“ (да де, компромисен е), или бил „неприфатлив бидејќи сме попуштиле за нешто“ (да де, во компромис попушташ), или „Бугарија уште имала негативни мислења за нас“ (да де, ко што и ние имаме за нив, ама поентата не е да мислиме исто, туку и покрај тоа што мислиме различно, да не се тепаме).
И конечно, секој што не мисли како нив е фашист, или бранител на фашизмот, или осомничен за фашизам. А во суштина, само станува збор за догма, и осетливост кон критики или проблематизирање на догмата.

Се сеќавам кога пред години објавив податок за бројот на прогони и идеолошки затвореници во Југославија. Укажував на неправдите од тоталитаризмот, кршењето на човековото право на слободно изразување, на недостатокот од демократија во Југославија.

Одма ми се нацрта еден лик, интелектуалец но глуп, кој почна да ме обвинува за фашизам и да ме бомбардира со бројки колку тоа добро се живело во Југославија.

Пази, ти му кажуваш за грозни неправди, тоталитаризам, он ти вика тоа не е битно, се живеело убаво во Југославија. Тоа природно (со вакви нетолерантни, идеолошко опседнати ликови) премина во навреди и дисквалификации по што ме блокираше.

Истиот лик денес гледам вришти за фашизам. А што би правел друго. Така е програмиран. Југославија, веќе одамна распадната, не успеала да ја победи Бугарија. А Македонија и Бугарија нашле компромис. Ко и сите земји кои биле непријатели во минатото, ги закопале секирите. Во догмата.
На здравје вриштењето, другар. 🥂

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO