
Ајде сега разлаз, те политичари те аналитичари те незнам какви
До крај СДСМ и Вмро-Дпмне ја заглавија, па да ги одглавиме малку
И сега малку вистината на сонце- ШТО ПОТПИШАВМЕ И ШТО ИЗГЛАСАВМЕ И ШТО НЕ ОЧЕКУВА
*Не сакам да ги едуцирам политичарите оти не сум повикан тоа да го правам, тие си се за рејтингот загрижени и едни и други
Договорот од 2017 и протоколот од 2019 ,како и предлогот на Франција инкорпорираат во нашето друштво неколку важни работи по нас.
За идентитетот , јазик и карактерот на сегашната држава во ниту една секунда не се сомневам дека се повредени или ова е моменталната ситуација денес, а ниту можат да бидат загрозени или повредени.
Доколку пак критикував само и не давам решение, само би губеле време, а како што знаете, ние време повеќе немаме да ги слушаме блујаниците на политичарите ама од прв до последен. Без никаков исклучок во оваа ситуација.
Затоа без да критикувам на нашите политичари еве на писмено да им нацртам што мораат да испратат во Софија и Брисел, а тоа што побрзо тоа подобро за како што реков, да не ни губат време и нерви. Ова писмо е само последица на тоа што сме го потпишале и изгласале, а е писмо со кое нашите маки би ги скратиле и би добиле на време. Со ова би ги анулирале песимистите дека во ЕУ нема да влеземе заради овој проблем.
1.РСМ, согледуваќи ги фактите од договорот, протоколот и инсистирање на бугарската страна потврдува-
Дека во иднина ќе разгледува со Бугарија и ќе ги разгледуваме фактографските работи од историјата.
Фактографските работи кои произлегуваат како податоци од институциите и администрацијата врз територијата на РСМ во целиот период до денес. Ова е инкорпорирано во самиот договор.
Затоа ги прифаќаме податоците на институциите и администрацијата на оваа територија направени од –
Отоманската Империја
Кралството СХС
Кралството Југославија
Царството Бугарија
Народна Република Југославија
СФРЈ
Република Македонија
Република Северна Македонија
При тоа да забележиме дека од периодот од 1991 година до денес сме Независна и Суверена Земја.
При тоа да нотираме дека Кралството СХС го окупирала делот на РСМ од Отоманската Империја. При тоа нотираме дека Царството Бугарија окупирала дел од РСМ кој припаѓал на Кралството Југославија заедно со Италија. При тоа нотираме дека овој дел бил федерална единица на СФРЈ и нотираме дека со распадот на СФРЈ, оваа територија е правен субјект наследник на СФРЈ (да се види во УН) и од тој дел е произлезена денешната РСМ.
*При ова нотираме дека ќе се земаат податоци од меѓународно признати држави и чинители во модерната историја или постоечките во временски период од не повеќе од 99 години од времето пред Хашките Конвенции од 1899 и 1907 година.
При тоа информациите од администрацијата и институциите ги прифаќаме државните статистички и други податоци но и црковните заради тоа што се работи за не-секуларни земји со различно уредување од денеск како секуларна земја.
При тоа нотираме дека по градењето независна и суверена земја на референдум се утврдени, а врз база на слободни избори втемелени основите на уставот на РСМ. Со тоа се уставно утврдени важните делови по јазик и идентитет на граѓаните на РСМ, а со тоа е РСМ и примена во УН како и измените во УН по договорот со Грција.
При тоа нотираме дека Уставот на РСМ може да биде разгледан и отворен и изменет со предлог на најмалку 3000 граѓани, а изменет преку институцијата Парламент.
Само доколку Уставниот суд утврди дека со тој предлог не се повредуваат правата на мнозинството население, овој предлог може да биде поставен за разгледување со можни уставни измени по предлогот.
2.Сите одлуки на владите на Федералната единица на СФРЈ, Народна или Социјалистичка република Македонија поминати во парламентот ги сметаме за полноважечки доколку не се косат со основните начела на ЕУ и УН.
Сите идеолошки решенија и одлуки на влада и парламент на еднопартискиот систем ги сметаме недемократски и со новиот устав на демократска повеќепартиска земја ги отфрламе во целост.
Сите одлуки на владите и парламентот на РМ и СРМ ги сметаме за полноважечки доколку не се косат со основните начела на УН и ЕУ.
Овие одлуки ги сметаме за континуитет и полноважечки до денес и во иднина.
3.Сето културно-историско наследство на денешната територија на РСМ го сметаме и за наше културно историско наследство.
Сите историски личности што придонеле за градење на нашиот идентитет (на сите граѓани на оваа земја) и држава ги сметаме и за наше културно историско наследство.
Сите историски личности до денес што придонеле за афтономија , државност и слобода на оваа територија ги сметаме и за наше културно и историско наследство. Без разлика дали се родени на територијата на РСМ или се родени во други држави и се државјани на други земји, тековно или историски.
Без разлика на нивното државјанство докажано од институциите на нивните земји. Не правиме дистинкција помеѓу нив дали биле или не во позитивен или негативен контекст до денес.
4. РСМ ќе се извини и ќе надокнади или ќе направи репарации од позиција на демократска повеќепартиска земја на лица кои настрадале од еднопартискиот систем, а имале други национални чувства за себе.
РСМ нема да прави надокнада, репарации од позиција на демократска повеќепартиска земја на лица со спротивставени идеологии.
При тоа ќе се придржува на сите повелби на УН и ЕУ во врска со овие прашања.
5.РСМ заради овие преговори со ЕУ и преговорите и договорите со Бугарија ќе го достави овој предлог барање до Софија, а и Брисел како нејзин дефинитивен став.
Врз база на овие констатации од Софија се очекува да направи барање, а почитувајќи ги овие историски рамки, предлог или предлози со утврдени факти на разгледување на нашата историска комисија.
Заради што со договорот со Софија и предлогот на Франција се отвора нашиот устав денес, и вметнување на бугарите во уставот, сметаме дека комисијата треба да работи со и по незината надлежност да би биле опфатени временската рамка до овие моменти на отворање на уставот или до крајот на 2022 година, а сметаме дека се важни по нашите граѓани од новододадениот ентет во уставот.
Историската Комисија на Република Северна Македонија во нов состав овие 5 точки да ги достави до истоимената комисија на Бугарија.
Новата историска комисија да биде составена по предлог на парламентарните партии во парламентот на РСМ.
