Министерството за надворешни работи на Бугарија е запознаено со сите предлози на француското претседателство со Советот на ЕУ, соопштија од министерството како одговор на прашање.

Дејствијата на бугарските институции не можат да излегуваат надвор од рамката создадена со решението на 47-то Народно собрание на Република Бугарија во врска со проширувањето на ЕУ и преговарачкиот процес на Република Северна Македонија од 24 јуни 2022 година. прецизираше министерството.

Во Република Северна Македонија во тек е внатрешна процедура за прифаќање на предлогот на француското претседателство, за што е потребно да се почека малку време. Евентуалните шпекулации за ова прашање во Бугарија во овој период би можеле негативно да се одразат на процесите во нашата соседна земја, изјавуваат уште од бугарското МНР.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO