„Решението на Бугарија да протера 70 руски служители кои се сметаат за туѓи агенти е суверено решение, кое што треба да се почитува“.

Ова го изјави портпаролката на НАТО, Вана Лунџеску, на прашањето на бугарски „Дневник“ како алијансата ќе го коментира вчерашниот ултиматум од Русија и последователните закани на амбасадорката Елеонора Митрофанова за затворање на амбасадата, па дури и за прекин на дипломатските односи меѓу двете земји.

„Сојузниците на НАТО силно го осудуваат долготрајниот тренд [на Русија] на изнуда, обидите да се меша во нашите демократски процеси и институции и нападите врз безбедноста на нашите граѓани“, се додава во соопштението од седиштето на алијансата во Брисел.

„Ние се солидаризираме со нашиот сојузник Бугарија“, ја завршува позицијата Лунџеску.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO