Кирил Петков го предложи вицепремиерот и министер за финансии Асен Василев за кандидат за премиер на Бугарија. Ова стана јасно од изјавата на премиерот во оставка за медиумите.

Денес се наоѓаме на историска раскрсница. Има можност да продолжиме со промената за правна држава која просперира, каде што јавните средства се трошат за јавни потреби или постои ризик да се вратиме назад кон задкулисиeтo, туѓите интереси, ја започна својата изјава Петков.

Тој изјави дека нема да дозволиме неколку работи: Бугарија да тргне во погрешен правец, грст луѓе да ограбуваат јавни средства, обвинителите да продолжуваат да бидат неактивни, туѓи дипломати да и даваат ултиматум на бугарската држава.

Нема да дозволиме, затоа што не ни е страв – рече Петков.

Да, имаме разлики со БСП за меѓународните прашања, имаме лични несогласувања со некои од пратениците на ИТН, но ништо не може да биде поважно од просперитетот на Бугарија и да ја продолжиме промената напред, додаде тој.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO