Петар Тодоров од Комисијата за историски прашања со Бугарија, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека проблематично е кога државите би презеле улога да имаат директно влијание во работата на историчарите.

Според него, тогаш комисијата не е експертска, туку продолжена рака на исполнување на политички желби и потреби.

-Многу е проблематично кога државите би презеле улога да имаат дирекно влијание на историчарите тогаш Комисијата не е експертска, туку продолжена алатка на исполнување на политички желби и потреби.Во таков случај таа според мене не ни треба да постои, вели Тодоров.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO