Премиерот на Албанија, Еди Рама на социјалната мрежа Твитер упати порака до македонските власти да го прифатат последниот француски предлог за решение со соседна Бугарија, со цел да се продолжи кон официјален почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.

„Последниот француски предлог, кој воедно е и конечен, и дава можност на Северна Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија! Им велам на браќата Македонци и Албанци во МВ: Прифатете!“, напиша Рама.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO