Универзитетската професорка Катерина Колозова смета дека немало никаков предлог до нас во однос на кревање на бугарското вето, за да го одбиеме.

-Документот се вика генерална позиција на Европскиот совет. Таму никој не ни предлага, ниту некој нѐ прашува, за да прифаќаме или одбиваме. Тоа е генералната позиција на Европскиот совет. Секој малку писмен со здрав разум, кога не би се работело за ваков КГБ-овски компромат, сеопшта дезинформација и магла, кога не би било зовреано лудило, секој здрав разум би си го прочита документот и ќе разбере дека ова се вика генерална позиција на ЕС. Оваа не ни се обраќа нас, не ни предлага, не бара наша согласност, туку каде они стојат ако преговараат со нас. Европа сама со себе се договара како ќе преговара со нас, рече Колозова во емисијата „Клик плус“, коментирајќи го т.н. француски предлог.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO