Бугарската влада ја одобри изгласаната позиција во Бугарското народно собрание и францускиот предлог за С. Македонија.

-Тоа е во согласност со одлуката на Народното собрание, според која Бугарија ќе го укине ветото за почеток на преговорите за членство во ЕУ, под услов Скопје да се обврзе да ги исполни барањата на Софија за време на тие преговори. Треба да се договори билатерален протокол меѓу Софија и Скопје. Документот е и дел од процесот на поместување на преговарачката рамка, соопштија од Советот на министри, објави „БНР“.

Минатата недела тамошното Собрание со мнозинство гласови го одобри францускиот предлог за преговарачката рамка на С. Македонија со ЕУ и го дополни со четири услови.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO