Кога Бугарското Собрание денес, ќе ја усвои преговарачката рамка и истата ја усвојат и останатите 26 земји членки на ЕУ, ветото ќе биде официјално тргнато, а ЕУ ќе одобри почеток на преговорите со Северна Македонија.

Прво прашање: Ќе „бараме“ останатите земји членки на ЕУ да не ја усвојат преговарачката рамка и да не започнеме преговори?

или

Второ прашање: Ќе добиеме преговарачка рамка со услови кои не ни се допаѓаат и … ?! … ќе ја повлечеме кандидатурата од ЕУ?

Се надевам сите разбираат дека „топката е кај нас“ кажано со наш жаргон, односно дека ние сами себе се саботираме, односно сееме магла од која не можеме да излеземе. Како и да завртиш, за било кој исход, вината е наша. Маестрално, успеавме од „жртва“ да станеме „џелат“. На сопствената иднина.

Џабе сите реакции за да се превенира одлуката на Бугарското Собрание, кога партократијата, лукративноста и лажниот ЕУ и идентитетски наратив се водилка, исходот е јасен. Секоја постапка носи одговорност. Ајде, да видиме кој е спремен да ја превземе одговорноста „крај на ЕУ интеграциите“?

Играта заврши. Сега започнува сериозната работа. Од маглата треба да се живее и преживее. Единствено ако не сме магионичари … а, не ќе да сме.

ФБ статус на Никица Корубин

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO