Владата на Бугарија го отфрли предлогот на Бојко Борисов прво да ја одобри формулата на француското претседателство за деблокирање на процесот за присоединување на Северна Македонија кон ЕУ, а потоа да пристапи во Народното собрание и да добие поддршка од 59 пратеници на ГЕРБ-СДС.

 

Ова стана јасно од коментарот на началникот на кабинетот и портпаролка на владата Лена Бориславова за „Дневник“. Таа кажа дека премиерот Кирил Петков нема да отстапи од повеќекратно објавуваната формула за решението за Македонија – прво да помине низ собраниската комисија за надворешна политика, потоа низ пленарната сала, каде што ќе добие широка поддршка, а потоа преку Министрскиот совет.

 

Пристапот на Петков е контроверзен бидејќи, според Уставот, надворешната политика на Бугарија ја води Владата, а не Народното собрание. Но, премиерот го зазеде политичкиот курс на обратна хронологија по честите обвинувања на „Има таков народ“ за двојна политика во спорот за Северна Македонија, обидувајќи се да покаже максимална транспарентност. Петков доби критики за пристапот кон одлуката за почеток на преговори на С Македонијаа со ЕУ и од претседателот Румен Радев.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO