„Според овие информации на Танјуг, по завршувањето на оваа литургија, патријархот на СПЦ се очекува да му го врачи томосот на апрхиепископот Стефан за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква.“

Доколку овие добро чувани информации и внимателно темпирани активности се покажат како точни; тогаш стануваат јасни чекорите на СПЦ. И како такви се очекувани. Имено, СПЦ наводно ќе издаде „томос“, односно ќе издаде документ што ќе го нарече томос. Како „мајка“ црква, како надлежна црква, која всушност тоа не е. И претпоставувате тој томос ќе биде издаден со официјалното име Македонска Православна Црква-Охридска Архиепископија. Ќе го „зачува“ името, ќе и „дозволи“ на „ќерката“, да се вика како сака.
А, во меѓувреме, МПЦ е во процес на очекување на томосот, кој е томос, од страна на Вселенската патријаршија, како единствена надлежна за издавање на томос, откако СПЦ ја прифати и призна автокефалноста на МПЦ ОА и требаше да ги реши административните прашања. Тоа што под „административни прашања“ СПЦ го подразбира „томосот“ е друга работа. Или е главната работа? Томосот на Вселенската Патријаршија ќе биде на име на Охридската Архиепископија, со јурисдикција на територијата на Северна Македонија. На каква јурисдикција и на која територија ќе се повика СПЦ? Во својот „томос“ чиј легитимитет го влече токму од територијата. Онаа освоената од почетокот на 20-от век. Со генерички назив „српски свет“.

Прашањето кое се наметнува е што ќе прави МПЦ ОА со два томоса? И дали таа се однесува час како „ќерка црква“, час како автокефална црква? И дали оваа шизофрена ситуација е прифатлива за сите во МПЦ ОА или само за некого? Но, најважно е за кого е ова битно или што е битно во целата операција?

Погодувате? Познато? Името. СПЦ ни го „зачувува“ името, а Вселенската Патријаршија ни го одзема, она „вековното“. Тоа што единствено вековно во целата приказна е токму Охридската Архиепископија е небитно за контекстот и наративот на уште една флагрантна и внимателна манипулација, со „идентитетот и името“. Нека одморат малку Бугарите од нашиот „идентитет“, ги враќаме „лошите Грци“ на сцена; а нека бидат спремни и Албанците, во секој момент може да се префрлиме и на тој терен. Се знае само кој ништо не ни оспорува. Се’ ни признаваат, и име, и црква, и држава … од позиција на „мајка“. И од позиција на нивниот свет. Македонска и Македонија со ограничена употреба. Како подарок од „српскиот свет“.

ФБ статус на Никица Корубин

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO