Владиците од МПЦ вчера пристигнаа во Белград, по заседанието на Синодот, каде беше прифатена поканата на СПЦ за одржување литургија на помирување. Македонските владици беа пречекани од поглаварот на СПЦ, патријархот Порфирије.

Заедничка архиерејска литургија на помирување денеска во 9 часот во соборниот храм „Свети Сава” во Белград ќе одржат српскиот патријарх Порфирије и архиепископот охридски и македонски Стефан со владиците од СПЦ и тројца митрополити во ранг на најстарите, во придружба на неколку нивни соработници.

„Како што бијат камбаните на црквата Свети Сава, така и нашите срца чукаат од радост поради овој благословен ден. Добредојдовте драги браќа! Добре дојдовте брате Архиепископи Стефан и Владико. Добре дојдовте во заедницата на љубовта, вие и сите ваши богољубиви луѓе. Ние сме браќа и само браќа!“, напиша на својот Инстаграм профил српскиот патријарх Порфирије, споделувајќи видео од пречекот на македонските црковни великодостојници на чело со Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO