Скандалозен крај во преговорите меѓу МПЦ-ОА и СПЦ. Соборот на СПЦ ја врати Македонската црква во автономен статус од 1959 година. Она што е скандалозно е што Соборот на СПЦ таквата одлука ја донел, како што вели по барање на Синодот на МПЦ-ОА, објави религија.мк.

Со други зборови, САС на МПЦ-ОА испратил барање до СПЦ во кое го прифаќа канонскиот статус доделен во 1959 година.

-Примајќи го актот од Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со кој таа го прифаќа општопризнатиот канонски статус, доделен во 1959 година, од страна на Севтиот Архиререјски Собор на Српската Православна Црква и во кој изразува надеж дека СПЦ братолљубиво ќе го решава и реши прашањето за нејзиниот конечен канонски статус, за кој треба да следи и сеправославна согласнот за прифаќање на тој статус, Светиот Архиерејски Собор одлучи:

-Со благодарност во Господа и со радост Соборот го поздравува прифаќањето на општопризнатиот канонски статус, а тоа е статус на најширока можна автономија, односно полна внатрешна самостојност, доделен уште во 1959 година.

-Бидејќи со ова се отклонети причините за прекин на богослужбеното и канонско општење, причинети поради еднострано прогласената автокефалност во 1967 година, се воспоставува полно литургисоко и канонско општење.

-Воспоставувањето на единството на канонска ослова и под услови на важење на канонскиот поредок на целото подрачје на СПЦ, дијалогот за идниот и евентуално коначен статус на епархиите во Северна Македонија не само што е можен, туку е и целосходен, легитимен и реален.

-Во дијалогот за неговиот иден и евентуално коначен канонсми статус СПЦ ќе се раководи само и исклучиов од еклисиолошко-канонските и црковно-пастирските начела, мерила и норми, незамерувајќи ги „реалполитичките“, „геополитичките“ и „црковнополитичките“ и други слични дадени работи за еднострани иницијативи и не подлегнувајчи на никакви влијанија, или притисоци.

-И на крајот, Соборот нема намера да по решавањето на статусот да ја условува новата сестринска Црква со ограничувачки клаузули во поголед на опсегот на нејзината јуриздикција во матичната држава и во дијаспората, со препорака итотоот прашање своето званично име го решава во непосреден братски дијалог со гркофонските и останатите помесни цркви, пишува во одлуката на Соборот на СПЦ.

ШТО ПРАКТИЧНО ЗНАЧИ ОВАА ОДЛУКА НА СПЦ?

Како и што се предвидуваше, СПЦ нема никаква намера да отстапи од епархиите во Македонија и ја враќа МПЦ-ОА како Автономна црква во СПЦ, без притоа да се знае кога и дали воопшто МПЦ-ОА ќе добие некогаш Автокефалност. Оваa одлука практично е многу полоша и од Нишкиот договор од 2002 година, бидеќки во нејзе пишува дека МПЦ-ОА се согласила дека за конечниот статус за автокефалност ќе мора да одлучува општ православен консензус. Со други зборови МПЦ-ОА сама се сгласува со поставување вето од која било црква.

Во евентуално идна ваков развој на настаните МПЦ-ОА никогаш нема да дојде до автокефалност, а и некогаш да дојде нема да има никакво право на името Охридска Архиепископија, затоа што Бугарската црква со такво име нема да се согласи. Евентуално идно име на МПЦ-ОА би било Православна Црква на Северна Македонија.

Ова аодлука е опасна затоа што, практично СПЦ ја замени ПОА со МПЦ-ОА. Тоа значи дека ПОА и Вранишковски во сите овие 20 години биле во право, а МПЦ на погрешната страна која предизвикувала расколи.

Со оваа одлука Архиереите на Синодот на МПЦ-ОА стануваат дел од Соборот на СПЦ и ќе учествуваат во него.

Она што е искулително опасно во целата ситуација е што Соборот на СПЦ вели дека таа одлука ја носи по барање на Синодот на МПЦ-ОА. Владиците на македонската црква уште денеска се должно да објаснат кога, од кој, и како се согласил на автономија, кој го испратил писмот и зошто е тоа барање. Зошто е вркена во вода жртвата на генерации автокефалисти дадена за иднината на оваа црква.

Како и што предвидуваше Религија, мк во одлуката СПЦ се обидува да игра на емотивната карта. Наводно дозволувајќи и на МПЦ-ОА да се именува како сака и како сака да комуницира со останатите цркви, со што сака да предизвика нови пдоелби и расколи во македонската јавност.

Од оваа одлука, веќе нема дилема колку била важна одлуката на Вселенската патријаршија да го реши канонскиот статус на МПЦ-ОА пред оваа одлука.

ШТО ПОНАТАКА?

Оваа одлука на СПЦ има само една позитивен елемент, ако може да се толкува така. Тоа е што се согласува дека МПЦ-ОА веќе не е расколничка црква.

МПЦ-ОА, на оваа ова аодлука треба да одговори токму во тој дух. Да се заблагодари што СПЦ препознала дека МПЦ-ОА е каноснка исправна црква и да посочи дека нејизниот канонски статус е решен со одлуката на Вселенската Патријаршија и дека МПЦ-ОА , во периодот до конечно решавање на автокефалниот статус, останува во организационата структура како и досега како автокефална црква. На литургиите прв ќе го споменува Вселенскиот патријарх, и потоа сите останати по редот од диптихот како и досега.

Преземено од religija.mk

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO