Претседателот на германската централна банка-Бундесбанк, Јоаким Нагел, изјави денес дека инфлацијата во еврозоната би можела да достигне двоцифрена вредност, ако Европската унија одлучи да воведе целосно ембарго на увозот на руски природен гас.

Говерејќи во Вашингтон заедно со германскиот министер за финансии Кристијан Линднер, Нагел, исто така, откри дека податоците ќе диктираат како ќе се развие процесот на зголемување на каматите, истакнувајќи дека економските извештаи веќе покажуваат дека Европската централна банка наскоро треба да ја прекине својата програма за откуп на активи.

Купувањето на облигации од ЕЦБ може да биде запрено на крајот на вториот квартал, додека првото зголемување на каматниот процент може да дојде на почетокот на третиот квартал, предвидува уште тој, но додаде дека е против избрзаните камати.

Нагел меѓутоа додаде дека ЕЦБ е сè помалку веројатно дека ќе може да ја врати инфлацијата под предвидената цел од 2 проценти.

Говорејќи на пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во средата, шефот на Бундесбанка истакна дека намалените нови прогнози за глобалниот раст на ММФ можеби ќе треба дополнително да се намалат, бидејќи и онака високата инфлација не покажува знаци на запирање.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO