
Руската војна против Украина фрла сенка над цела Европа, но особено мрачна е таа сенка над Западен Балкан, каде што до пред 20 и неколку години се водеа југословенските војни, кои навистина ги сметавме за последни на Стариот континент. Шесте држави од регионот, кои сè уште не се полноправен дел од Обединета Европа, се обединети во нивната желба да влезат во Европската унија. Меѓутоа, Русија меѓутоа успеа да ги раздели. Албанија, Косово и Република Северна Македонија ја следат линијата на Западот кон Москва, со надеж дека ќе отворат поширока писта за членство во ЕУ. Србија меѓутоа, како и Босна и Херцеговина и Црна Гора, каде што има силни српски заедници, се воздржуваат од воведување санкции против Русија. Во многу тешка позиција се Србите – тие се политички обрзвани и енергетски зависни од Русите, во истото време од нив се очекува да ја поддржат Европската Унија доколку навистина ќе се присоединуваат кон неа.
Можен ли е во новата геополитичка ситуација, карактерниот за Србија баланс меѓу два спротивставени табора? И дали е тоа прифатливо за останатите земји во регионот? За тоа пишува оваа седмица во анализа насловена ʺДеструктивната неутралност на Србија“, Енгелуше Морина од берлинската канцеларија на Европскиот совет за надворешна политика. Таа гостуваша во емисијата ʺСабота 150“ на БНР.
Србија се најде во многу деликатна за неа ситуација откако Русија ја нападна Украина. Дали не дојде времето Белград веќе да избере конечно со кого да оди напред – со Москва или со Западот?
Ова прашање всушност им тежи на српските власти веќе неколку години. Одамна се гледа дека нивните обиди да седат истовремено на две столчиња се проблематични – ем да се стремиш за членство во Европската унија, емда си близок со Кремљ – политички најмногу, но и преку договорот за гас и купувањето. на системи за оружје. Според мене, навистина е време Србија да го направи својот избор. Но, истовремено сум малку скептична дека тоа ќе се случи. Поради реакциите таму за војната во Украина. Меѓу српскиот електорат има многу силен крајно десничарски елемент. Опозициските партии кои го претставуваат веќе неколку пати успеваат да организираат големи демонстрации. Ова му отежнува на Вучиќ, претседателот, да преземе какви било значајни чекори кон повлекување од Кремљ и синхронизирање на неговата надворешна политика со онаа на Европа и НАТО. Можно е да станеме сведоци на лесни движења во таа насока по изборите да видиме мали поместувања во оваа насока. Но, не и на брз процес.
Се чини дека никој не очекува парламентарните и претседателските избори на 3 април да бидат пресвртница.
Би било добро тоа да се покаже како пресвртница. Но, анкетите покажуваат дека резултатот најверојатно нема да е многу поразличен од претходните избори. Разликата е во тоа што овојпат можеме да се надеваме дека нема да има бојкот на опозициските партии – не на крајно десните, а либералните и на зелените. Тие ќе влезат во парламентот, но Вучиќ најверојатно ќе ја задржи власта со своите коалициски партнери социјалистите. Затоа, се чини би било премногу рано да се очекува катарзис.
Како што велиме овде на Балканот, ќе се вложуваат големи надежи бурата да помине и зошто да не бидеме потоа дури во подобра позиција од досегашната.
Србија очигледно е подложена на голем притисок. Пример за тоа е позицијата на Европскиот парламент кој го критикува однесувањето на Белград, кој инаку гледа кон Европската Унија. Сепак, Србија презеде некои чекори, како што е гласањето во Генералното собрание на ОН заедно со мнозинството земји во светот кои ја осудија руската агресија против Украина. Но, дали ќе се обидат да излезат суви од бурата? Не знам. Европа во моментов значително се менува и не мислам дека притисокот врз Србија ќе ослабне. Оваа бура нема да мине туку така
Во вашата анализа оваа седмица, го застапувате мнението дека Европската унија треба да пристапи построго кон Србија. Не е ли подобро, меѓутоа, да се пројави поголема конструктивност и иновативност за да биде спечелана таа за сметка на Русија?
Токму таков е пристапот кон Србија сега. Европската унија се обидува да биде блиска до актуелната политичка елита во Белград за да не паднат во прегратките на Кремљ. Но, очигледно нема резултати. Во последно време и САД се наклонети кон таков пристап – високи нивни претставници, на пример, јавно го пофалија гласањето на Србија во ОН. И само предизвикаа негодување кај многу Срби. Има, се разбира, логика во размислувањето дека на тој начин Србија може да се привлече кон целосна интеграција во Европската унија, наместо да гледа во другиот правец. Можно е да биде постигнат успех, но досега оваа политика се покажа како бесплодна.
Како се однесувате кон руските обвинувања кон Западот дека е всушност тој е агресор, вклучително и поради бомбардирањето на остатокот од Југославија за време на војната во Косово?
Мојот контрааргумент е дека тогаш светот интервенираше за да ги заштити основните права и слободи. И така треба да биде!
Косово лие најранливиот дел на Западен Балкан во новосоздадената геополитичка средина? Или Босна би била поатрактивна цел за дестабилизација?
Всушност, двете држави се подеднакво загрозени. И тоа е резултат на актуелниот пристап кон Србија, кој дава простор за други надворешни играчи да се населат во регионот. Многу луѓе тоа го припишуваат и на недостатокот на доволно внимание од страна на Европската унија и САД кон Косово и Босна. Босна во моментов е во посериозна опасност. Ете, рускиот амбасадор таму си дозволи да упати предупредувања – со истиот јазик, со кој и зборуваат на Украина – Босна да не се ориентира за членство во НАТО. Тоа е многу опасно. Да, Европа и Америка даваат знаци дека веќе се позаинтересирани за нашиот регион – на пример, со удвојување на персоналот на ЕУФОР – европската воена мисија во Босна. Според мене, меѓутоа е неопходен поинтензивен политички пристап. Прашањето треба да биде поставено директно – државите треба да избираатт на чија страна се геостратешки.
Поинтензивен политички пристап би требало да претпоставува посилен политички ангажман од највлијателните земји-членки на ЕУ. Дали веќе гледате доволно знаци од Германија дека го менува својот пристап? Еве веќе има специјален германски пратеник за Западен Балкан.
Она што се случува сега не се разликува многу од политиката во ерата ʺМеркелʺ. Канцеларката Меркел секогаш ги кажуваше правилните работи – како метото на Балканот е во Европската унија, како треба да разбереме дека нивното присоединување е многу важно за безбедноста на цела Европа итн. Таа реторика звучи и денес, особено од страна на Зелените, но и од социјалдемократите. Тие знаат што е неопходно да кажуваат- треба да се поддржува Берлинскиот процес, да се скратува дистанцата меѓу унијата и Западен Балкан… Но реално досега не сме виделе визија или план како Германија, заедно со Франција – затоа што таа го држи ротирачкото претседателство – да го спроведе во пракса ова скратување на дистанцата. А има многу начини да се направи тоа. Во многу аспекти на европската интеграција, таа може да биде забрзана. Но, политичката волја да се оди подалеку од зборовите се уште не е видлива.
