
Фото: Роjтерс
Србија не поддржа ниту еден од четирите пакети санкции на ЕУ против Русија поради војната во Украина. Напротив, српските авиолинии летаат почесто за Москва, а во Белград се издигнуваат портрети на Путин.
Европската унија си ја научи лекцијата за Русија на тешкиот начин. Од постојаните дијалози и безграничното трпение кон лудориите на Москва во изминатата деценија, Европа брзо премина кон тешки санкции и уништувачки јазик по нападот против Украина на 24 февруари.
Но, ако си мислите дека Брисел станал потврд во разговорите со своите своеволни соседи, подобро размислете повторно.
Најеклатантентниот пример во моментов е Србија, за која ЕУ има навика да си ги затвора очите. Го гледаме, и немањето на желба на Европа да го притисне Белград да се вклучи во санкциите против Русија, ги помниме и обидите во минатото да се избегнуваат секакви критики кон Србија.
Требаше да избувне војна на границите на ЕУ, за да можат европските политичари да се разбудат и да ги видат ужасите на режимот на Путин. Со години, тие ги игнорираа предупредувањата на многу од новите земји-членки како ʺхистерични“ и обрнуваа малку внимание на кампањата за дезинформација и нејзините последици, како и на задушувањето на секаква критика и нарушувања на човековите права во Русија.
Наместо тоа, имаше гласови кои повикуваа на санкции против Москва по нелегалната анексија на Крим во 2014 година. И никој не обрна внимание на навредите на Кремљ кон Европската Унија.
Меѓутоа, остануваат прашањата дали лекциите се научени.
Како се однесува Србија денес
Србија не е Русија, но на истиот начин се обидува да влијае негативно на внатрешните работи на своите соседи, исто е извор на дезинформација и исто се претставува како историска жртва.
За разлика од Русија меѓутоа, Србија има поставена цел, да се присоедини некој ден кон Европската унија и се радува на статус на кандидатка повеќе од 10 години. Пред декември, таа беше единствената земја меѓу кандидатките од Западен Балкан, која отвори неколку преговарачки поглавја.
Со други зборови, ЕУ може реално да укажува притисок врз Србија – само ако сака.
Досега Србија откажува да се присоедини кон секој еден од четирите пакети санкции на ЕУ против Русија. Со ова Белград се издвојува меѓу сите други земји во регионот кои се сообразија 100% со европските санкции. Вклучително и Црна Гора, која е традиционално поврзана со Русија.
Белград одамна тврди, дека не е убеден, дека рестриктивните мерки се правилниот пат и дека целосно ќе се сообразува со решенијата на ЕУ во надворешната политика кога ќе стане членка на унијата. Тоа не се очекува да биде скоро.
Како одговараат лидерите на Европа
Овој став на Србија засега не и носи никакви проблеми. Нема индиции дека може да има кратења на европски фондови, да не зборуваме за санкции. Многу држави велат дека нема да дадат зелено светло за отворање на нови преговарачки поглавја со Србија. Тука, меѓутоа е важно да потсетиме, дека и без тоа не се очекуваше скоро отворања на многу нови поглавја.
Уште поинтересно е што официјалните лица на ЕУ дури одбиваат да го повикаат Белград да се присоедини кон санкциите. Кога ќе ги притиснеш бирократите со прашањето зошто Србија се издвојува од сите останати, тие брзаат да му се заблагодарат на Белград за поддршката на резолуцијата на ОН против руската агресија во Украина.
Висок претставник на ЕУ дури го поздрави српскиот претседател Александар Вучиќ за неговата ʺхраброст“, а друг се пофали дека Брисел и САД направиле напори за да ја провлечат Србија да го поддржи гласањето во ОН против руската агресија, како што направија сите европски земји со исклучок на Азербејџан, Ерменија, Белорусија и Русија .
Кога спомнав како Air Serbia во моментов печали од забраната за руски авиони на небото на ЕУ и го зголемува сообраќајот со Москва, друг претставник на ЕУ ми објасни дека тоа е всушност добро бидејќи им дава алтернативна рута на оние што ја напуштаат Украина и Русија.
Овој однос не е од сега. Во позицијата на Европската комисија, која ја осудува поттикнувачката реторика за време на прославите во Република Српска на 9-ти јануари, се изразува само ʺжалење“ за поддршката од ʺдруги партнери“.
Република Српска, која е дел од Босна и Херцеговина, ја објави таа дата за свој празник, но за останатите во федерацијата датумот е болен. На 9 јануари 1992 година, Република Српска прогласи независност, предизвикувајќи војна во која загинаа 100.000 луѓе. Во позицијата на Европската комисија не се споменува дека ʺдруги партнери“ всушност значи Србија.
На некои тоа може да им е симпатично – Европа да се однесува кон Србија како кон разгалено дете. Повеќето дипломати со право истакнуваат дека земјата има стратешко место во регионот и гледаат на Србија како на Гордиев јазол, кој може да ги реши сите останати проблеми, ако биде привлечена кон западниот табор и откако се ослободи од нејзината приврзаност кон лудилото на Путин во Русија.
На 3-ти април во Србија претстојат парламентарни и претседателски избори и многу Европејци гледаат во претседателот Александар Вучиќ еден доста поразумен политичар во споредба со ликот, кој му се наложува да го игра пред гласачите.
И сепак, многу набљудувачи го определуваат како голем ризик изборот на ЕУ да не ги забележува дејствијата на Белград наместо да го притисне да ги преоцени своите минати грешки. Ризик е и да се пренебрегнува загриженоста на соседните земји од српскиот ревизионизам и мешање.
Брисел веќе има искуство со такво однесување. И знаеме дека тоа не заврши добро.
––––––––-
Автор: Рикард Јозвјак
Рикард Јозвјак ја покрива работата на Европската Унија и НАТО како дописник на Radio Free Europe/Radio Liberty од Брисел.
Преземено од svobodnaevropa.bg
