
ʺСекоја војна ги обесмислува културните натрупувања, културата на преработување на паметта за војна. Оваа војна покажува дека говоревме, правевме филмови, пишувавме книги, но и покрај тоа пропагандата сработува и некои луѓе со лесна рака нарекуваат други ʺнацисти“ и им кажуваат ʺќе отидеме да ве ослободимеʺ. Треба да разбереме колку рефлексијата и паметта не се еднократен чинʺ.
Ова го коментираше за Бугарското национално радио познатиот бугарски писател Георги Господинов.
ʺСвикнавме да си го објаснуваме светот плоско и дводимензионално. Така работи и пропагандата, затоа што таа вели дека сè е многу јасно. Истите се луѓето, кои тогаш протестираа против чипирањето, а сега не протестираат против војнатаʺ.
Во предавањетоʺСабота 150“ тој дополни:
ʺЕвропа се разбуди емоционално, емпатично во последните 17 дена. Полска претходно откажуваше да прима мигранти, а досега примила над 1,5 милиони. Кога ќе започнеш да будиш чувствителноста кон човек, кој ти е близок – христијански или словенски, тогаш тоа малку би се пренело и кон другиот, кој исто така е човек“.
Според писателот, кога ќе видите дете кое бега од војната и во исто време лицето на Сергеј Лавров, кој вели дека Русија не ја нападнала Украина, ʺтогаш нешто треба да проговори“:
ʺТоа е емоционална писменост. Ти избираш на што да веруваш – избираш со својот ум, но и со своето воспитание, со своето срце, со својата чувствителност.
Интервјуто со Георги Господинов можете да го слушнете во звучниот фајл ТУКА.
