Користењето на српски и југословенски дела наменети за големиот и мал екран е една од пошокантите пропагандни трикови во паралелната битка за Украина. Темата ја отвора „Би-Би-Си“, ја пренесуваат српски медиуми, а потоа и домашните медиуми
Пишува: Љубомир Костовски
Како што јавува наш извор на вести, на пропагандата во војната која се води во Украина навистина ѝ нема крај. Се работи за очевидно користење на секвенци од филмови и тв серии за да се претстават „храбрите борци“ во разни акциони ситуации, а во два случаја и „злите руски офицери“ кои наводно уживаат во горењето украински села додека пијат пиво!
Објавата на следнта фотографија (твитот е во меѓувреме избришан) оди со легенда: „Руски окупаторски војници пијат пиво откако го запалиле селото. „Европската цивилизација исчезнува во пламен“. Всушност се работи за секвенца од филмот „Убавите села, убаво горат“, а клучниот актер е никој друг туку Драган Бјелогрлиќ.
Овој филм воопшто не обичен. Да потсетиме – беше кандидат за Оскар (1996) за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје и се смета за едно култните дела на српската кинематографија. Снимен е 1996 година и говори за вистински настан од крвавите воени дејствија во Босна (1992 г.). Филмот, пред сè е со антивоена порака, а во конкретниот случај е злоупотребен во пропагaндни цели.
Но, тоа не е сè. Во пропагандни цели е искористен и кадар од филмот „Небесна јадица“ со Никола Којо, кој стои пред отворен прозорец додека зад него стојат изрушени згради. Филмот, инаку говори за бомбардирањето на Белград во 1999 година, а делото исто така беше кандидат за Оскар (2000) во категорија на дела од неанглиско подрачје. Во пропагандните објави на Твитер, пак, Кољо е претставен како херој од Украина, извесен генерал-водник Николај Којченко кој „низ прозорец гледа во разурнатиот Киев“.
This is hero of #Ukraine… His name is Nikolai Koychenko, sergant general, staring from his window in war torn #Kyiv…#StopWarInUkraine pic.twitter.com/qD6WIKhyFP
— Aleksandar Pičuškin (@APicuskin) March 1, 2022
За пропаганда е искористен и ликот на актерот Ненад Окановиќ (кај нас познат од серијата – „Селото гори, бабата се чешла“), кој е прикажан како херој на отпорот во Украина. На Твитер е споделена фотографија од српскиот актер заедно со пораката:
Ова е војник од Украина кој го урна мостот во Харков и херојски загина. Се вика Олексиј Степаненко Оканович.
🇺🇦This is an Ukrainian soldier who destroyed the bridge in Kharkov and died heroically. His name is Oleksiy Stepanenko Okanovich.#fuckPutin #BREAKING #StopRussia #StopPutin #StopTheWar #StopRussianAgression #StandingWithUkraine pic.twitter.com/pDaBHOJtCG
— Сер Милан (@milan_ser) February 28, 2022
Веста за користените српски актери и дела, всушност е пренесена од „Би-Би-Си“ на српски, откако овој угледен извор налетал на твитот на поранешниот австриски народен пратеник Лео Колбауер, кој напишал дека на прикажаната фотографија не е украински воен херој, туку српскиот актер Ненад Окановиќ.
Propaganda und #FakeNews hagelt es in einem Krieg von allen Seiten. Dieses Foto zeigt nicht einen Ukrainischen Kriegshelden, sondern den Serbischen Schauspieler Nenad Okanović. https://t.co/1OasEUwZMS https://t.co/jRAVXcpf6r
— Leo Kohlbauer (@LeoKohlbauer) March 1, 2022
Во групата имитирани српски „воени херои“ искористен е и српскиот актер Радош Бајиќ од серијата „Село гори, баба се чешла“ , кој е претставен како „Духот на Киев“ кој соборил дури 16 руски биорбени авиони!
MYSTERY SOLVED: The Ghost of Kyiv revealed to be a retired Ukrainian Air Force commander Radashin Rakovsky, a native of Zhytomir. He came out of retirement to fight the aggressor, good hunting good sir! #SlavaUkraine #StandWithUkriane pic.twitter.com/xEcFxtu3Hm
— Malign Influence Enjoyer (@DengistRS) February 26, 2022