Милорад Додик, српски член на Претседателството на Босна и Херцеговина, во интервју за шпанскиот весник „Ел Мундо“ рече дека „БиХ е пропаднат проект“ и дека најдоброто решение за земјата е „да ги одвои Бошњаците, Србите и Хрватите на цивилизиран начин“.

ʺБиХ нема да може да опстане од истата причина поради која не преживеа Југославија. Во БиХ има три народи. Два од нив, Хрватите и Србите, се многу незадоволни. Муслиманите сакаат да создадат унитарна држава во која тие ќе бидат доминантен народ“, рече Додик (63).

ʺНашата политика не е насочена кон отцепување. Станува збор за поинаква можност, врз основа на оценката дека БиХ нема да биде успешна како држава. Ако тоа се случи, најдобро е да се разделиме на цивилизиран начин“, додаде тој.

Тој нагласи дека Србите нема да ʺпочнат војна за отцепување“, но повтори дека е најдобро да се разделат ʺако не може да се живее заедно“.

Посочи дека Србите ʺго бранат политичкиот процес“ кон постигнување на таа цел и дека приказните за можна војна се ʺбесмислени“.

Исто така, рече дека БиХ постои како држава само поради притисокот од меѓународната заедница.

ʺТоа е експеримент на странци“, нагласи Додик.

ʺПрвата работа што ја предлагам е странците да престанат да ја водат оваа земја бидејќи таа е единствената колонија што моментално постои во Европа. Да најдеме консензус, ако е можно“, рече тој.

Додик смета дека европскиот висок претставник Кристијан Шмит нема право да воведува закони во БиХ.

ʺНа изборите пред три години освоив најмногу гласови, многу повеќе од двајца мои колеги од Претседателството заедно. И сега кога доаѓа овој Германец и вели дека иднината на БиХ нема да се конституира со Додик. Кој мисли дека е?“, рече тој.

ʺБиХ е неуспешен проект (…). БиХ се соочува со тешка криза. Оваа криза не се појави сега, таа отсекогаш била таму. БиХ е синоним за криза“, заклучи тој.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO