Бугарската национална телевизија мора да ги штити националните интереси, политичките одлуки ги носат политичарите. БНТ мора да направи повеќе во однос на Република Северна Македонија – не е доволно само да пренесува вести, да каниме гостин. Ако направиме „референдум“ на темата, ако направиме дополнителни филмови, ако го покажеме грчкиот пример, тоа ќе му помогне на бугарското општество подобро да ги разбере односите со Република Северна Македонија, ова е улогата на јавните медиуми. Ова во „Денот започнува со Георги Љубенов“ го изјави извршниот директор на БНТ – Емил Кошлуков.

Според него, ако БНТ сними филм за грчката историја, тоа нема да го направат БТВ и Нова, тоа е важно за општеството, а не за комерцијалните телевизии.

ʺПроблемот со Македонија е историјата, македонскиот идентитет е производ кој е нов. Мислам дека кабинетот постапува правилно, без дијалог нема да се случи ништо“, додаде Емил Кошлуков.

Тој коментира дека се гледа искуството на Грција во оваа насока.

ʺНа Грција и требаа 25 години да ја поправи географијата на Република Северна Македонија, можеби нас ќе ни требаат 25 години да ја поправиме историјата. Не желбата, туку правата за емитување го спречуваат БНТ1 да емитува во Република Северна Македонија во моментов. Ние во БНТ не го титлуваме македонскиот јазик“, рече Емил Кошлуков.

Целото интервjу со Емил Кошлуков може да го погледнете ТУКА.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO