
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко во порака до неговиот казахстански колега Касим Жомарт Токаев посочи дека целта на екстремистите во Казахстан била да предизвикаат хаос.
ʺОчигледна е субверзивната цел на екстремистите, да се дестабилизира мултинационалниот Казахстан, да се предизвика хаос и братоубиствена војна во земјата со цел да се изврши државен удар и да се промени политичкиот курсʺ, рече Лукашенко.
Тој додаде дека Белорусија веќе се соочила со сличен предизвик и затоа ја разбираат сериозноста на моменталната ситуација.
