
Европската унија го изолира Косово, а не Србија, смета професорот за меѓународни односи Дрито Арифи.
ʺКосово беше целосно изолирано од ЕУ, а не од Србија. Имаме повеќе проблеми со ЕУ отколку со Србија, а отворањето поглавје со Србија без да се поправи минатото значи дека Европската унија ништо не научила од своето минатоʺ, изјави Арифи за магазинот „Инфо“.
Арифи смета дека главниот проблем на Косово е што Европската унија отворила поглавја со Србија.
ʺГлавниот проблем не е Србија туку Европската Унија, оваа Европска Унија отвори поглавја со Србија, знаејќи какви злосторства направи Србија не само на Косово, туку и во Босна, знаејќи дека Србија има територија која не ја контролира. Ова е флагрантно кршење на сите принципи на Европската Унија. Европската унија го знаеше тоа. Колку што разбрав, надворешната политика на ЕУ е дека Европската Унија, свесно или несвесно, произведува проруски и антиамерикански политики на Балканот без притоа да го помести прашањето за интеграција на Косово и другите земјиʺ, додаде Арифи.
Тој вели дека не гледа позитивен напредок за визна либерализација за оваа година, бидејќи кога немаш поддршка од силна земја, многу е тешко да се постигне консензус.
ʺПоради својата нејаснотија во надворешната политика, Европската унија премногу му наштети на Западен Балкан, па дури и Косово, бидејќи остави простор за многу погрешни толкувањаʺ, заклучи Арифи.
