
Ја менува ли СПЦ позицијата кон Македонското црковно прашање и најавува ли можност за дијалог, откако стана јасно дела Вселенската патријарпшија нема намера да се откаже од решавање на статусот на МПЦ-ОА?
Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ, еден од најтврдокорните архиери на СПЦ, прв пат по долги години во интервју за ТВ. Храм вели дека има простор за возоновување на дијалогот и барање решение.
Иако во прашањето за Македонија воопшто не се споменува Вселенската патријаршија, сепак се констатира дека во Македонија во последно време не постои прогон на ПОА и на Јован Вранишковски, што пак е услов за враќање на разговорите.
ʺНавистина фала му на Бога, сега нема судско-полициско насилство над првоерархот на автономната Охридска Архиепископоија,… нити над останатите архиереи…. Се уште не е ставена точка на можноста за обнова на притисокот…, но сепак најважно е тоа што сега практично нема притисок…. За жал останува една константа, упорно се избегнува спроведување на одлуките на судот во Стразбур за регистрација на ОА.
Сметам дека, без оглед на овие негативни пропратни појави, општата атмосфера кај нашиот јужен сосед овозможува продолжување на дијалогот помеѓу нашата Црква и Црквата која е во раскол. И не само што омозможува, туку не поттикнува и не повикува на дијалог како единствен исправен и ефективен начин за надминување на овој повекедецениски проблем. Единството на Црквата и нејзиниот канонски поредок за нас се најголем Божји дар, и воедно најважна задача и подвигʺ, вели бачкиот епископ Иринеј Буловиќ.
За многумина кои се познавачи на црковните прилики и кои ги следат изјавите на овој епископ, овие слаткоречиви реченици се толку невообичаени што оставаат доста голем сомнеж за ново смислено сценарио за нова замка за МПЦ-ОА.
Една од скриените намери е Црковен Белград на овој начин прави обид преку активирање на дијалогот со Скопје да го пресретне обидот на Цариград за решавање на македонското црковно прашање. Преку изјавата се гледа дека сега Владината Јован се прокламира како дел од решението за признавање на македонското црковна автокефалност.
Другата скриена намера е во интерес на Црковна Москва, а тоа е да се избегне каква било опоција за автокефалност како решение во Македонија.
Превземено од Religija.mk
