
ʺ2021 година е година во која Бугарија немаше 8 месеци политичка влада (имаа на трипати парламентарни избори и плус претседателски избори заедно со третите парламентарни избори)…тоа имаше сериозен одраз во нашите напори да се изнајде заедничко прифатливо решение и да се одблокира нашиот пат кон ЕУʺ, вели Бучковски.
Тој објаснува дека и покрај непредвидливите околности, постигнат е напредок во делот на градењето довербата.
ʺГолема работа е завршена со Договорот за соработка помеѓу нашата новинска агенција МИА и Бугарската телеграфска агенција БТА. Ние имаме веќе 9 месеци свој известувач од Софија, БТА има свој известувач од Скопје…на дневна основа се разменуваат информации, а за време на катастрофалната автобуска несреќа пред еден месец на автопатот Струма, заедничка екипа на БТА и МИА ги пренесуваше заеднички сите информации од теренот. Понатаму, националните телевизии МРТВ и БНР, во март склучија договор за соработка кој предвидува размена на програми, заеднички емисии и заедничка продукција. Сателитската програма на БНТ4 се пренесува на МАКС ТВ кај нас, нашата сателитска програма на МРТВ се пренесува на кабелскиот оператор НеоСат Булгарија. Понатаму, државниот универзитет од Велико Трново, во соработка со нашиот Славјански универзитет од Свети Николе, почнаа со заедничко организирање на мастер студии во Свети Николе…ʺ, смета Бучковски.
Целиот коментар на проф. Владо Бучковски за ЛОКАЛНО може да го погледнете ТУКА.
