
Крајот на 2021 година ја потврди важноста на Босна и Херцеговина и Косово за Турција. Не дека некој особено се сомневал во тоа, но за Анкара, политичката криза во Сараево од крајот на 2021 година и сложените процеси меѓу Белград и Приштина само предизвикуваат загриженост за тоа што се случува на Западен Балкан. Стремежот на Турција-да не ја изгуби водечката улога во овие процеси.
Обиколката на министерот за одбрана на Турција Хулуси Акар на Сараево и Приштина, потврди на колку високо ниво се гледа на процесите во двете балкански држави кои произлегоа од распадот на поранешна Југославија од почетокот и крајот на 90-тите години.
Политичката криза во Босна и Херцеговина е на пат да се претвори во најсериозниот проблем по потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор пред 26 години.
Ризикот од нова воена конфронтација во Босна и Херцеговина предизвикан од желбата на лидерот на босанските Срби Милорад Додик, кој е член на тричленото претседателство на земјата, да се повлече од заедничката армија, како и локалната Република Српска да не внесува даноци во федералниот буџет и да не учествува во судскиот систем е директен удар за политичката иднина на земјата.
Заигрувањето на Додик со локалните Хрвати да имаат своја единица и свој претставник во претседателството на Босна и Херцеговина е голем политички предизвик пред Босна и Херцеговина.
Затоа веројатно, изборот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го испрати министерот за одбрана Хулуси Акар во Сараево не изгледа никаку случаен.
За време на својата посета во Сараево, Акар кажа дека за Турција Босна и Херцеговина е многу важна во стратешки план. Во говорот пред студентите на Меѓународниот универзитет во Сараево, турскиот министер за одбрана рече дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е подготвен да биде посредник меѓу сите во Босна и Херцеговина за да може таа да продолжи да суштествува.
Според Акар, Турција придава големо значење на стабилноста на Балканот и секогаш се обидува да игра конструктивна улога во дијалогот меѓу земјите.
Сите осознаваме, кажа уште Акар, за стратешкото значење и место на Босна и Херцеговина на Балканот. Хулуси Акар, уште пред да стане началник на Генералштабот на турската армија, а потоа и министер за одбрана, има многу јасна претстава за Босна и Херцеговина, каде што служел како командант на турска воена единица (бригада) во Босна и Херцеговина.
Затоа, не треба да изненадува тоа што тој ко кажа во Сараево дека стабилноста, територијалниот интегритет и политичкото единство и одржувањето на конструктивни и добрососедски односи во овој дел од Западен Балкан, се многу важни за Турција
Акар јасно изјави дека политичката блокада на која сме сведоци во Босна и Херцеговина треба да биде надмината и тоа колку е можно побрзо. Исто така, според турскиот министер за одбрана, треба да се прекине со реториката за распаѓањето на армијата на БиХ, како и со изјави кои водат кон сепаратизам и кажа дека претседателот на Турција може да биде посредник во оваа ситуација.
ʺТурција гледа на Босна и Херцеговина како на едно цело. Сме направиле се што можеме за нејзиното единство и стабилност и ќе продолжиме да го правиме“, кажа Хулуси Акар.
Според него Дејтонскиот мировен договор работи добро, но тој не кажа дали како што сакаат локалните Бошњаци да биде надграден и Босна и Херцеговина да стане поефикасна држава.
Турција работи на модернизирањето на вооружените сили на Босна и Херцеговина и ги исполнува своите обврски според билатералниот воен договор, со што јасно става до знаење дека неговата земја нема да стои само како набљудувач на тоа што се случува.
Акар потсети пред студентите во Сараево за блиските односи меѓу првиот претседател на нивната земја, Алија Изетбеговиќ и Реџеп Тајип Ердоган, кои датираат од времето кога вториот беше градоначалник на Истанбул во првата половина на 90-тите години.
Акар коментираше и некои меѓународни теми, како тоа што се случува во турско-грчките односи, како и за Крим.Во однос на Грција, Акар изјави дека неговата земја не претставува закана за Грција, или за кого и да било. Според него, и покрај желбата на Анкара да води конструктивна политика кон Грција, неговата земја има сериозни проблеми со Атина.
Кажаното во Сараево спокојно може да се прифати и како одговор на изјавата на грчкиот премиер во Софија на крајот на декември. „Турција нема да прифати нелегалната анексија на украинскиот полуостров и дека Анкара го поддржува територијалниот интегритет на Украина и внимателно ја следи ситуацијата во таа земја и ја споделува загриженоста на нејзините западни сојузници.
Високиот турски политичар, не пропушти да ја претстави и гледната точка на Анкара во однос на Курдите, ʺИсламска државаʺ, гуленистичката организација ФЕТО и неуспешниот пуч во летото 2016 година. Според Акар, Турција нема проблем со Курдите како народ, туку со ПКК бидејќи, според него, таа не го претставувала курдскиот народ и дека ИСИС не го претставува вистинскиот ислам.
Во последниве години, според голем број независни проценки, Турција сè повеќе го користи на дипломатски план масакрот во Сребреница во 1995 година како важен елемент во нејзината надворешна политика, покажувајќи дека Западот е виновен за она што се случи таму и дека тоа е илустрација за моменталниот негативен однос кон муслиманите во Европа и постоечка исламофобија.
Втората станица од мини-балканската турнејата на турскиот воен министер по Западен Балкан беше Косово. Хулуси Акар беше примен од косовскиот претседател Влоша Османи.
Таа побара од него поддршка за членството на Косово во НАТО. Според премиерот Албин Курти, Србија е проблем на Балканот. По средбата со косовскиот министер за одбрана Армен Мехаим, Хулуси Акар кажа дека прашањето за суверенитетот, територијалниот интегритет и стабилноста на Косово се најважните за Турција.
Затоа Хулуси Акар коментираше дека етничките судири во септември во северно Косово го привлекле вниманието на Турција кон овие настани. Тој не пропушти да забележи дека Анкара будно го следи дијалогот меѓу Приштина и Белград, бидејќи преку него го гледа решавањето на ова сложено прашање за да има стабилност и мир на Балканот.
Косовскиот министер за одбрана, по примерот на претседателот на земјата, побара помош од Турција за влез на Косово во ʺПартнерство за мирʺ, а потоа и полноправно членство во НАТО.
Тој им се заблагодари на косовските власти за екстрадицијата на претставници на ФЕТО пред две години. Случајот предизвика тензии меѓу тогашниот претседател Хашим Тачи и поранешниот премиер Рамуш Харадинај.
Тачи ја поддржа екстрадицијата, додека Харадинај се спротивстави, принудувајќи шефот на косовското разузнавање да поднесе оставка под притисок на премиерот, што доведе до серија предвремени избори и политичка нестабилност во Косово. Јавно е, дека Турција следи што се случува во Западен Балкан и особено процесите и кризите низ кои минуваат Босна и Херцеговина и Косово.
Преку нив Турција ја крши својата визија за политичка стабилност и нивниот територијален интегритет во постјугословенскиот простор. Турција дава јасна зајавка, дека сака да биде елемент во решавањето на проблемите во Босна и Косово со кои ги поврзуваат многу сериозни историски, воени и политички врски.
Посетата на турскиот министер за одбрана Хулуси Акар испрати една доста јасна порака дека Анкара е ангажирана со стабилноста во регионот, каде што таа има свои војници во мировните контингенти во Босна и Херцеговина и Косово.
И бидејќи Турција е дел од балканската безбедносна архитектура, таа се обидува да учествува во трајното стабилизирање на процесите во овие две држави од Западен Балкан. Но, за Турција има ризик од засилување на проблемите во регионот, бидејќи Русија е активен играч во него, која традиционално застанува на страната на Србија и босанските Срби на Балканот, што може да го попречи дијалогот меѓу Москва и Анкара, особено во Сирија. каде што заедно со Иран се сојузници.
Дали Балканот ќе биде уште едно поле во кое Турција и Русија ќе се разминат, претстои да видиме. Москва и Анкара веќе се разминуваат во Либија, но причините за тоа се повод за одделна анализа.
Судејќи меѓутоа по зајавките на турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, направени во Сараево и Приштина, очигледно е дека Анкара сака да го зачува територијалниот интегритет и политичката стабилност на регионот, но дали тоа ќе и се допадне на Русија претстои да да видиме.
* Авторот е поранешен дописник на Бугарското национално радио во Србија и Западен Балкан 2003-2011 година.
Преземено од foreigninsider.com
