Македонската дипломатија во време на меѓународни предизвици беше тема на разговор со поранешниот амбасадор д-р Ѓорѓи Филипов во Утрински брифинг.

Формирана е мешовита грчко-македонска еспертска група за спрведување на Преспанскиот договор во која учествуваат и претставици од ОН и од европските институции и Филипов. Групата се обидува да им помогне на бизнисмените од аспект на брендовите и другите економски прашања.

ʺИзлезе дека договорот е многу добро подготвен и реши многу прашања. Како што рече канцеларката Меркел – и двете страни ќе ги боли, но потоа добро ќе се чувствуваат. Сега дури и опозицијата вели дека договорите мора да се почитуваат. Бугарската страна можеби се најде затечена во смисла дека поимите како македонски јазик и македонска припадност некој ќе сака да ги задржи за себе. Но, во Грција не се чувствуваат сите Македонци и не се поврзуваат со античките Македонци. Во договорот стои дека терминот се однесува на словенски македонски јазик и народ со словенско потеклоʺ, вели Филипов.

Филипов вели дека бил прашан дали Бугарија се нашла затечена од ваквото решение.

ʺШест држави може да кажат дека имаат делче од Македонија, како региони. Сега имаше конференција на ЦЕФТА каде имаше средба на Заводот за интелектуална сопственост. Се разбира дека има и во Европа проблеми со лоцирање на потеклото на различни работи – како липицанерите, виното токаи и така натаму. Кога се признава државата од ОН со зададени граници, ние се изненадивме што државата која прва нѐ призна нѐ блокира за влез во ЕУ. Зошто пред 30 години не им беше проблем да ја признаат Република Македонија како таква? Но, тоа е, живееме во територија каде што емоциите играат улогаʺ, вели Филипов.

Тука изненадуваат ставовите на Словачка и Чешка кои изразија огорченост поради одолговлекувањето на процесот на примање на Македонија во ЕУ.

ʺМене не ме изненади, вели Филипов како поранешен амбасадор во Словачка. -Словачка и Чешка се вечно благодарни што таму дошле Кирил и Методиј и што може дури и Библијата да се учи на словенски јазик. Во Словачка има 87 цркви кои го носат името на Кирил и Методиј. Словачка се повлече од ставот дека Кирил и Методиј биле Бугари и Бугарија се изненади од тоа. А факт е дека не може да се утврди некаква националност на луѓето од тоа времеʺ.

Филипов вели дека прославите на светителите се одвивале заеднички, како на сесловенски просветители.

Но, бугарската страна веројатно мисли дека сега времето работи за нив. Така беше и со Грција, пред да сфатат дека времето не работи за никого. Кога ќе се стави вето, ветото има заканувачка моќ и вие треба да објасните зошто сте го ставиле.

Филипов вели дека не очекува брзо да се реши проблемот со Бугарија, но дека треба да бидеме оптимисти и да го тераме нашиот пат.

Проследете го целиот разговор во видеото

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO