Од бугарската Асоцијација за гас бараат изградбата на гасната врска Петрич-Струмица да биде вклучена при актуелизацијата на Планот за закрепнување и одржливост. Проектот беше инициран пред две години на тркалезна маса во Скопје и е поддржан од стопанските комори на Бугарија и Северна Македонија, рече претседателот на Асоцијацијата за гас, Пламен Павлов.

ʺВо последните години Бугарија се обидува да направи нешто со гасниот центар ʺБалканʺ. Да го прошири пазарот, да ги зголеми потрошувачите. Единствениот начин да се прошири опсегот се Северна Македонија и Косово.

Ваков проект би чинел 40-42 милиони евра, додаде Павлов.

ʺИма физибилити студија, има инвеститори. Не настојуваме тоа да се случи по секоја цена со државни пари. Но, има можност тоа да се развива со странски инвеститори и европски средства. Овде зборуваме за изградба на мал гасовод , да се изфради врската на Петрич со Струмица. Не станува збор за милијарди. Ако се изгради таква врска, бугарските трговци, бугарските добавувачи ќе можат да учествуваат на сосема друга територија. Тоа е во интерес не само на бизнисот, туку е во интерес на земјата“.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO