Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска доцна вечерва информира дека седницата на ЦО на СДСМ било одлучено дека со понудената оставка на Заев ќе започне процес на нови избори за претседател на партијата.

ʺИзборите ќе се одржат на 12-ти декември. Постапката за кандидирање започнува утре и ќе трае седум дена. Ситеќе можат да се пријават, кои ги исполнуваат критериумите на статутот на партијата. Сите членови на СДСМ, кои ги исполнуваат критериумите, согласно статутот на партијата, ќе можат да гласаат на внатрепартиските избори. Можност за гласање ќе имаат сите членови кои активно ќе се регистрираат преку онлајн алатката. После изборот на претседател, следува и избор на ново раководствоʺ, рече Кузеска.

Таа информираше дека Заев останува во политиката, како активен член на партијата.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO