
Српската Православна Црква го проширува ударот врз Вселеснката патријаршија и преку црквата на Јован Вранишковски. Истовремено користејќи ја ПОА на Врaнiшковски за ширење на руското влијание во Македонија. Сосема јасно зошто е избрана Македонија за да СПЦ, преку ПОА демонстрира дека цврсто стои на руска страна во конфликтот со Вселенската патријаршија во Укрaина.
Но, што всушност се случува.
За да ја демонстрира таквата симболика, вчера и завчера во Макердонија, односно во Битола кај Врaнишковски, беа двајца клучни епiскопи на украинската црква која е под Московската патријаршијa и на СПЦ. Во нивна придружба беше и комплетна логистика, преку ТВ екипа од теливизија Храм, ТВ каналот на Српската црква, која се тоа го докумeнтира и потоа го пласира во православниот свет.
Заедништвото на СПЦ, со Украионската црква(МП) и Московската патријаршија, преку ПОА на Вранишковски е потврдено со сеноќно бдение во параклисот на Јован во Битола.
На тоа бдение учествуваат, Митрополитот Антониј од Украина, Морачкиот епископ Сава – викар на српскиот патријарх Порфириј и Јован, заедно со дел од неговите владици. За да биде поголемо удоволувањето, Јован и говорот го оддржа на руски јазик.
Практично во Битола се случи сосолужување на две цркви Руската и Српската, преку своите сателити што ги имаат во Укарина и во Македонија. Демонстрирајќи поддршка за руската црква во Украина, праќаат порака до Вселенската патријаршија дека во случај да го решева црковното прашање во Македонија, на ист начин ќе ја штитат српската црква во Македонија.
Заедничко и за СПЦ и за РПЦ е што и Црковна Москва и Црковен Белград, нема никогаш да се откажат од духовната превласт, едните над Украина, другите над Македонија и по цена да предизвикаат тектонски потреси и расколи во Православниот свет. Тамошната Укринска и овдешната ПОА се само инструмет на овие две цркви во големоцрковните идеологии.
Овој чин што се случи во Битола, треба да биде сосема јасен сигнал и за најмалите скептици дека СПЦ и РПЦ не се пријатели на македонската црква и на македонската автокефалност, туку напротив нејзини оспорувачи.
Превземено од religija.mk
