Фото: Роjтерс

Двајца вработени во ʺДојче Банʺ (Deutsche Bahn) тврдат дека највисокото раководство на германскиот национален железнички превозник присвоил корпоративни средства за лична корист во инфраструктурниот проект на компанијата Stuttgart 21.

Според ʺФајненшл тајмс“, свиркачите тврдат дека менаџерите назначиле непотребна работа, а истовремено добивале рушвет во врска со проектот. Освен тоа, проценката на еден од свиркачите наведува дека околу 600 милиони евра се изгубени како резултат на ова незаконско однесување.

Проектот Stuttgart 21 претставува изградба на нова подземна железничка станица во Штутгарт и стана неславен како резултат на зголемените трошоци за неговата реализација. ʺФајненшл тајмс“ посочува дека вкупните трошоци до крајот на проектот може да се зголемат од првичните 2,5 милијарди евра до 10 милијарди евра.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO